Промовирана CFA (Chartered Financial Analyst) обуката

Објавено во Македонија Сабота, 21 Февруари 2009 17:50

Во организација на ЕРА Групацијата - Хуманополис во соработка со Gnosis Professional денес ја промовира новата обука наменета за финансиски аналитичари

што од 7.март годинава станува нова едукативна програма на Агенцијата.

 

Станува збор за исклучителна обука, со која на постителите им се овозможува стекнување на сите потребни знаења за успешно добивање на CFA  сертификатот - високо вреднуван во финансиските институции и големите компании на интернационално ниво. Во светот постојат само 82,000 финансиски аналитичари со овој сертификат, а 178.000 се обучуваат на едно од трите нивоа.

 

На презентацијата зборуваше Ашим Кумар, директорот на Gnosis Professional, меѓународен лидер за обуки од областа на финансиите и проект менаџментот, со детални објаснувања и демонстрација на стандардите на CFA. Статистиката покажува дека само еден од петмина посетители го положува испитот за добивање на сертификатот што е своевидна потврда како за нивото на обуката така и за потребните знаења.

 

CFA (Chartered Financial Analyst) обуката е наменета за вработените во одделите за финансиски анализи и инвестиции во бројни организации како брокерски куќи, банки, инвестициски, осигурителни, пензиски фондови, консултантски куќи, потоа во јавниот сектор и во големите компании во кои се изработуваат финансиски анализи и инвестициони проекти.

 

Сооглед на фактот што ова е прва обука од ваков вид и обем на Западниот Балкан, таа е и со регионален карактер, а се изведува на англиски јазик.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.