Нова средба на ад-хок телото за медиуми

Објавено во Македонија Петок, 26 Август 2016 12:14

Денеска напладне четворицата членови на Привремената комисија за мониторинг на медиумите ќе имаат нов состанок во обид да се договорат за тоа кој ќе биде петтиот член на ова тело.

Вчера членовите имале поединечни консултации во Агенцијата за медиуми, но заедничка средба не се остварила.
Иако вчера членовите на оваа комисија излегоа со различни ставови околу тоа што понатаму, откако беше пробиен законсиот рок за избор на петтиот член, сепак преовладува ставот дека телото треба да биде комплетирано најдоцна до среда, кога партиските лидери треба да утврдат дали има услови за избори на 11 декември.
На последниот состанок што се одржа во вторникот информираа дека не успеале да постигнат конензус за петтиот член.
Според неофицијалните информации од 10 кандидати што се јавиле на јавниот повик во потесен избор влегле Сефер Тахири и Даут Даути.
За дел од членовите на ад хок телото Даути не бил  прифатлив бидејќи беше член на Комисијата за лустрација, а додека за другите не бил прифатлив Тахири бидејќи како што забележале учествувал на партиски настани.
На предлог на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во телото беа назначени четворица членови, Слаѓана Димишковска, Цветин Чилиманов, Љубомир Костовски и Горан Трпеновски кои со консензус треба да го одберат петтиот, кој ќе биде клучен во носењето на одлуките при гласањето.
Привремената комисија ќе треба да работи во перидот од сто дена пред избори. До неа ќе се испраќаат извештаите од мониторингот на телевизиите и радијата што го прават стручните служби на Агенцијата за медиуми, а потоа комисијата ќе цени дали медиумите известувале балансирано или не.
Денеска на седницата на Советот на Агенцијата за медиуми треба да се усвои конечната верзија на методологијата по која ќе се врши мониторингот.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.