Ниту еден македонски граѓанин нема да добие азил

Објавено во Македонија Петок, 22 Октомври 2010 19:43

Барањето азил во западноевропските земји е на крај, а ниту еден граѓанин нема да добие азил, порача денеска Гордана јанкулоска, министер за внатрешни работи.
Таа им порача на македонските гражани да не се изложуваат на непотребни торшоци и неизвесно патување кога нема да можат да се стекнат со финансиска корист.

„Во оваа фаза Република Македонија ги користи сите механизми кои и стојат на разполагање за обезбедување пред се дополнителни информации за граѓаните кои се доведени во заблуда и веруваат дека можат да добијат азил во земјите од ЕУ", рече Јанкулоска на заедничката прес - конференција по денешната средба со  генералниот директор на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики на ОН(ИЦМПД) Питер Видерман.
Сепак, според неа, нема потреба од казнување или ограничување на правото на излез од земајва, по кој било основ, затоа што смета дека информирањето и директната комуникација со граѓаните ќе бидат доволни да се пренесе порака оти не постојат никакви шанси да подобијат азил во западноевропска држава.
Тој изрази надеж дека нивната поддршка и напорите на македонската Влада за правилно да се разбере визната либерализација, нема да постои причина, како што рече, за земјите - членки на ЕУ да го сфатат ова прашање за азилот како проблем.  / Журнал МК /

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.