Лилјана Поповска на врши средби со сите општински организации на ДОМ

Објавено во Македонија Вторник, 02 Јуни 2015 10:17

 

Лилјана Поповска, предтседателка на ДОМ, со делегација од Извршниот одбор и МОДОМ, во изминатите денови имаше средби со општинските организации на ДОМ во Битола и Прилеп.

 

 

На средбите стана збор за актуелната политичка ситуација во земјата, како и за наредните самостојни активности на ДОМ, по излегувањето од владината коалиција.

 

Таа притоа подвлече дека ДОМ излезе од владината коалиција за да го помогне разрешувањето на политичката криза, за да се повлечат разумни политички потези кои ќе водат преку преодна Влада до предвремени избори, кои никој нема да може да ги оспори.

 

ДОМ продолжува самостојно во своето делување, во склад со својата програмска платформа, поддржувајќи го секој предлог и дејствие што е во интерес на граѓаните и Република Македонија. На локално ниво, нашите општински раководства одлучуваат по своја проценка за соработка во локалната власт, која е резултат од други избори, кои во многу земји се нарекуваат комунални, зашто се однесуваат за комунални работи од интерес за локалното население, изјави притоа Поповска и потсети дека ДОМ настапи самостојно на локалните избори 2013 и освои 25.000 гласови и право на своја одлука со кого ќе коалицира.

 

 

Во текот на јуни продолжуваат средбите со општинските организации на ДОМ од целата земја.

 

 

Сектор за односи со јавност на ДОМ

 

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.