Груевски: Не се подготвува апсење на Заев

Објавено во Македонија Сабота, 28 Февруари 2015 09:34

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, нема да биде уапсен, истакна денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали стравувањата на поранешниот известувач за Македонија во Европскиот парламент Ричарт Ховит би можеле да се остварат.


- Не се подготвува апсење на Заев – рече Груевски, кој присуствуваше на отворањето на нова спортска сала во скопското село Љубанци.
Премиерот потенцира дека на сите прашања поврзани со снимките објавени од страна на СДСМ и на Зоран Заев веќе одговорил на неговата прес-конференција што се одржа пред два дена.
Груевски не одговори за наводите за мешање на извршната во судската власт и на одредени медиуми, како и за упадот на странски служби во безбедносниот систем на Македонија.
- На ова прашање одговорив на мојата прес-конференција во средата, на која одговорив на сите прашања на новинарите, до последното, вклучително и на ова, така што нема што да додадам – рече премиерот.
Тој, како што рече, нема да го прифати барањето на Здружението на новинарите на Македонија да даде оставка од премиерската функција поради обвинувањата од СДСМ дека власта прислушувала новинари.

(Телеграф.мк)

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.