Грчко глумење на преговори...

Објавено во Македонија Петок, 20 Февруари 2009 15:32

Вчерашната изјава на грчката министерка Дора Бакојани, покажува дека Грција цело време имала стратегија да ја блокира Македонија за членство во НАТО и дека глумела преговори изјави за медиумите македонскиот премиер Никола Груевски во Охрид на маргините на конференцијата „Македонија на патот кон НАТО“.

Практично ние цело време говоревме со моите соработници дека таму не гледаме преговори дека гледаме од другата страна барање начин како да не се договориме. И ние цело време тоа го кажувавме во јавноста но постојано на домашен план, и се разбира од страна на Грција бевме напаѓани дека не сакаме преговори, рече Груевски. Според него вчерашната  изјава на Бакојани  јасно покажала дека Грција една година пред самитот имала одлука да не дозволи влез на Македонија во НАТО.

Значи една година пред тоа имале одлука и после тоа глумеле преговори. Политичарите во Македонија не ни веруваа ние постојано укажувавме на тоа и повикувавме на една посмирена реакција и сега во овој момент кога се се обелодени и стана се јасно не барам од СДСМ да признава грешка и да се извини за сите погрешни ставови, барам уште еднаш единство во понатамошните чекори, изјави Груевски во Охрид.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.