Македонијаhttp://mxradio.com.mk Thu, 19 Oct 2017 20:13:10 +0200Joomla! - Open Source Content Managementmk-mkПремиерот Заев на Панел - дискусија на ОН за родовата еднаквост: Отворивме шанси за сите, родовите перспективи се дел од политиките на Владата +ВИДЕОhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/makedoni-a/premierot-zaev-na-panel-diskusi-a-na-on-za-rodovata-ednakvost-otvorivme-shansi-za-site-rodovite-perspektivi-se-del-od-politikite-na-vladata-video http://mxradio.com.mk/mx/vesti/makedoni-a/premierot-zaev-na-panel-diskusi-a-na-on-za-rodovata-ednakvost-otvorivme-shansi-za-site-rodovite-perspektivi-se-del-od-politikite-na-vladata-videoПремиерот Заев на Панел - дискусија на ОН за родовата еднаквост: Отворивме шанси за сите, родовите перспективи се дел од политиките на Владата +ВИДЕО

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, на покана на Канцеларијата на ОН – Жени (УН Њомен), во партнерство со Амбасадата на Шведска и Правниот факултет „Јустинијан Први“ -  Скопје, учествуваше на Панел - дискусијата, насловена „Женско лидерство и политичко учество  – пат кон еднаквост“.

Потенцирајќи ја улогата на жената во општествено политичкиот живот, премиерот Заев истакна дека е многу важно што во Република Македонија се случуваат промени кои ја носат жената на заслуженото место.
Обраќајќи им се на присутните, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев рече:
Оваа сала овде, полна со успешни жени кои го отвораат патот на светот за среќни општества во кои има место за сите, ете оваа сала почитувани присутни најавува дека светот се менува. И нешто важно за нашата држава, дека се случуваат промени и во Република Македонија што ја носат жената на заслуженото место во опшествено – политичкиот живот. Таа е лидерка во семејството, но и лидерка во своето маало, во општината во којашто живее, во градот во којшто работи, во државата од којашто потекнува.
Горд сум со сите вас! И подавам рака да чекориме напред.
Сакам да бидам јасен, иако моето присуство на овој настан јасно го покажува тоа. Ја имате мојата поддршка како премиер на Република Македонија. Тука сум да ви ја пренесам и поддршката што ја дава Владата на Република Македонија за политичко учество на жените, со цел да ја развиеме родовата еднаквост како еден од чинителите на демократијата.

{youtube}hWnFZw5Wc4Q{/youtube}
Да, родовата еднаквост е наша законска обврска, е дел од Програмата на Владата на Република Македонија, 2017 – 2020 година, е наша обврска од Агендата за одржлив развој до 2030 година.
Но, почитувани присутни, сакам да ве уверам дека заложбите за родова еднаквост се пред се и над се одраз на тоа како ние ја гледаме нашата држава, а така го гледаме и светот, како општество на еднакви граѓани. Како големо семејство на граѓанки и граѓани во коешто над патријархалните норми и ставови сме овозможиле “видливи“ жени, тоа значи способни, мудри, храбри, жени кои рамо до рамо со мажите креираат политики на еднаквост на пазарот на трудот во политиката.
Работиме, заеднички, жени, мажи, различни по многу основи, но сплотени во определбата да ги охрабриме жените и да го зголемиме нивното учеството во политичкиот, економскиот и јавниот живот.
Ќе воспоставиме посебно владино тело за родова рамноправност, кое што ќе се грижи за имплементација на родовите перспективи во креирањето на политиките и буџетите, го започнавме процесот на  ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство од 2011 година (Истанбулска конвенција).
Согласно оваа Конвенција, ќе воспоставиме мрежа на стандардизирани институции чијашто обврска е заштита од домашно насилство, ќе предложиме нов Закон за родово базирано насилство и измени на Кривичниот закон, ќе воведеме програми за помагање на развојот на жените претприемачи, посебно во руралните области, ќе се заложиме за вклучување на родовата перспектива во колективното договарање на сите нивоа.
Ќе предложиме воспоставување Регионален родов омбудсман, што ќе се грижи за реализација на политиките за еднакви можности, создавање Регионална политичка академија за градење капацитети на политичките партии, финансирана преку ИПА, при што ќе предложиме Македонија да биде домаќин.
Ние веќе претставиме е-модули за родова еднаквост, подготвени со поддршкана УН Њомен, задолжителни за сите административни службеници. Министерството за образование ги повлече учебниците по граѓанско образование со стереотипи по родова основа, се заложивме за заедничко користење на родителско отсуство на двајцата родители за првите 3 месеци, односно 3 до 6 месеци во случај на раѓање близнаци/тројки.
Сериозно пристапуваме на родовото прашање, во сите области. 
Граѓаните, домашната и меѓународната јавност веќе имаат можност да видат зголемен број жени вклучени во политиката и во општественото живеење во Македонија, министерки, обвинителки, пратенички, градоначалнички.
Отворивме шанси за сите, родовите перспективи се дел од нашите политики.
Благодарам на ОН, на УН Њомен и партнерите организатори на овој настан, како и на сите партнери на Република Македонија што ги помагаат и поддржуваат обновените демократски процеси во Република Македонија.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)МакедонијаMon, 09 Oct 2017 21:47:53 +0200
Премиерот Заев на средба со мисијата ОБСЕ/ОДИХР: Владата ќе спроведе фер и демократски избориhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/makedoni-a/premierot-zaev-na-sredba-so-misi-ata-obse-odikhr-vladata-e-sprovede-fer-i-demokratski-izbori http://mxradio.com.mk/mx/vesti/makedoni-a/premierot-zaev-na-sredba-so-misi-ata-obse-odikhr-vladata-e-sprovede-fer-i-demokratski-izboriПремиерот Заев на средба со мисијата ОБСЕ/ОДИХР: Владата ќе спроведе фер и демократски избори

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска оствари средба со амбасадорката г-ѓа Одри Гловер, шеф на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на локалните избори во Република Македонија.

 

 

На средбата, премиерот Заев истакна дека сите институции инволвирани во изборниот процес, вклучително и политичките партии, треба да придонесат во спроведувањето на фер и демократски избори.

 

- Поучени од лошо организираните избори од минатото, не смееме да дозволиме поради изборни нерегуларности да ги доведеме во прашање нашите евроатлантски аспирации на кои работевме многу во изминативе неколку месеци за да ги направиме реални нашите шанси – истакна премиерот Заев.

 

Посочувајќи дека спроведувањето на изборниот процес е еден од клучните критериуми за исполнување на стратешките цели на Република Македонија, премиерот Заев ги истакна цврстите заложби на владата за строги санкции за секој поединец или организација кои ќе се осмелат да се впуштат во прекршување на регуларноста на изборниот процес, како во предизборието, така и на денот на изборите.

 

Шефицата на набљудувачката мисија на ОБСЕ го запозна премиерот со нивните претстојни активности поврзани со изборниот процес, за бројот на краткорочни и долгорочни набљудувачи на мисијата, кои веќе се на терен и го мониторираат отпочнатиот предизборен процес, и уште го информираше премиерот дека пред денот на изборите мисијата ќе го засили мониторирањето на процесот со дополнителни 200 краткорочни набљудувачи.

 

- Двете страни, позицијата и опозицијата, имаме сериозна обврска, пред јавноста, пред граѓаните, пред дипломатската јавност исто така, да покажеме дека навистина ништо нема да биде важно ако ја прокоцкаме шансата за организирање на фер, кредибилни и демократски избори – истакна премиерот Заев во текот на посетата.

 

Тој, во оваа прилика, ја замоли шефицата на Мисијата, навремено да го информира за сите обиди за нарушување на регуларноста на избирачкиотпроцес, за да не се дозволи никаков пропуст кој ќе предизвика оспорување на легитимноста на изборите.

 

- Би сакал да сугерирам, да се посвети повеќе внимание на забелешките на опозицијата, не само на ВМРО-ДПМНЕ, туку на сите опозициски партии. На овие избори Македонци ќе гласаат за Албанци, и Албанци ќе гласаат за Македонци, тоа е една солидна гаранција за заедничка иднина, која цврсто верувам дека ќе ферментира во една позитивна пракса во иднина – рече премиерот во разговорот со г-ѓа Гловер.

 

Од мисијата ОБСЕ/ОДИХР информираа дека веќе остваруваат голем број на средби со граѓани и организации, повторувајки дека тие се тука за будно да ги следат изборите, а веќе следната недела ќе го презентираат првиот извештај од почетокот на кампањата во кој ќе ги објават нивните забелешки од дотогашниот тек на кампањата.

 

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)МакедонијаTue, 26 Sep 2017 20:11:23 +0200
Кампања за воведување на Образование за мир во воспитно образовните институцииhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/makedoni-a/kampa-a-za-voveduva-e-na-obrazovanie-za-mir-vo-vospitno-obrazovnite-institutcii http://mxradio.com.mk/mx/vesti/makedoni-a/kampa-a-za-voveduva-e-na-obrazovanie-za-mir-vo-vospitno-obrazovnite-institutciiКампања за воведување на Образование за мир во воспитно образовните институции

Првата детска амбасада во светот Меѓаши започна кампања за воведување на Образованието за мир/мировното образование во воспитно образовните институции во Република Македонија.

Кампањата ќе се спроведува од 27 септември до 27 октомври. За таа цел низ цела Македонија поставени се билборди и сити лајтови со слоганот „Мирот е секој чекор“ на 6 локални јазици (македонски, албански, турски, ромски, српски и влашки).  Кампањата претставува можност да се мобилизира јавноста, да ги кренеме нашите гласови како граѓани/ки, активисти/ки, учители, воспитувачи/воспитувачки, старатели, родители, ученици, студенти, за да повикаме кон дејствување за воведување на мировното обазование како составен дел на воспитно образовниот систем.
Првата детска амбасада во светот Меѓаши се обраќа не само до медиумите туку и до воспитно-образовните институции во Македонија, општините и др. институции да се вклучат во акцијата.
Од медиумите очекуваме да посветат време за снимање на дебатни емисии, образовни емисии, детски емисии, разговори, интервјуа поврзани со значењето на мирот и мировното образование. Во Република Македонија се уште не е застапено мировното образование односно Образованието за мир. За таа цел би било добро да ги слушнеме одговорните институции МОН или Бирото за развој на образованието, што ќе и кажат на јавноста околу тоа прашање.
Нашето барање кон училиштата, за одбележување на оваа кампања во училиштата и предучилишните установи е одржување барем на еден наставен час на тема „Што е мирот”. На часот, прилагодено на детската возраст и разбирање, треба да се зборува за мирот и зошто тој е важен, што значи мирот за мене, што можам да направам секој ден да се промовира разбирање и толеранција во местото каде живеам, како можам да бидам дел од мирот во Македонија,  како можам да градам подобра иднина за сите?
Нашето барање кон МОН и Бирото за развој на образованието е да се воведе Образованието за мир како составен дел на воспитно образовниот систем. Првата детска амбасада во светот – Меѓаши работи континуирано на полето на мировното образование. Промовирајќи ги мирот и ненасилството како основни вредности во воспитно-образовниот систем  укажуваме на потребата од неопходноста мировното образование да се вгради во наставните програми во Република Македонија.
Културата на мирот почнува од себе и нашите ставови и однесување во секојдневниот живот, било да е тоа во градинката, училиштето како воспитувач, наставник или ученик, во домот како родител/старател или дете, на работа како колега или во соседството, како сосед...
Живееме во свет во кој војните и насилството се манифестираат секојдневно и не штедејќи никого. Свет во кој животите на милиони деца и млади луѓе постојано се изложени на опасности. Треба да потсетиме за сите последици кои децата ги трпат од неодговорните политики кои ги водат возрасните и кои многу често се проследени со насилства и војни. Токму затоа, ја потенцираме потребата од ненасилна трансформација на конфликтите и неопходноста се повеќе да се работи со децата и младите на полето на градењето на мирот уште од најмала возраст .
Мировното образование се темели на потребата од превенција на насилството и превенција на можни нови судири. Токму на полето на превенцијата не се преземаат доволно активности во школите и тоа е една од причините што не постои комуникација меѓу младите од различни етнички групи, кои се оптоварени со предрасуди, а тоа често завршува со конфликтни ситуации, тепачки, навредувања...а некои за жал со уште потешки последици. Од друга страна, поставувајќи го мировното образование како составен дел на образованието, почнувајќи од предучилишното па нагоре, ќе резултира со намалување на насилствата во училиштата и зајакнување на капацитетите на наставниот кадар и учениците во поглед на надминување на конфликтите, разработувајќи ги истите по ненасилен пат.
Детската амбасада Меѓаши уште пред 3 години како резултат на истражување направено во училиштата во Македонија истакна дека комуникацијата, особено меѓу младите од различни етнички заедници е битен фактор за мирот во Македонија . Доколку кон ова се додаде дека се повеќе се создаваат едноетнички училишта, може да претпоставиме дека комуникацијата меѓу младите во иднина ќе биде се помала, што веќе и се случува. Воедно, комуникацијата е битна ама не е доволна сама по себе. Истражувањето покажа дека колку поизразени се негативните етнички стереотипи и предрасуди, толку е повисок или поголем потенцијалот за директно физичко насилство. Тоа е само една од дополнителните причини поради кои треба да се воведе Образованието за мир односно со учениците и професорите да се работи на градење на мирот, развивање на ненасилна комуникација, креативна разработка на конфликти и училишни активности во кои ќе се работи на ненасилна трансформација на конфликтите.
Децата се оставени сами на себе, во општество каде социјалната неправда која им се случува пред се на семејствата и која е рамна на насилство, ги оневозможува родителите да посветат доволно внимание на нивните деца.  Но, социјалната неправда претставува само еден од изворите на насилството. А колку силно влијание имаат и медиумите, Интернетот, тоа се само дел од причините кои придонесуваат насилството да стане образец на однесување кај младите и истото да се пренесува во училиштата.
Говорот на омразата како речник во законодавниот дом и собранските комисии, говорот на омразата од страна на политичките партии се секојдневие и партиите стануваат директни креатори на негативна атмосфера и директно го потикнуваат насилството меѓу младите. Се додека продуцираат таков начин на комуникација и справување со конфликти, кои се пренесуваат директно на нивните политички и партиски следбенци и се регрутираат младинци за одредени партиски интереси, во Македонија ниту една стратегија за надминување на насилството ниту пак ваквите проекти сами по себе нема да вродат плод. Затоа е неопходно Образованието за мир да стане составен дел на воспитно образовниот систем. Затоа, иако голем број граѓански организации работат во училиштата разни проекти за намалување на насилството,  беа донесени стратегии за намалување на насилството, резултатите се едвај видливи. Само со заеднички напори може да се постигне посакуваната промена, училишта и општество без насилство.
Воведувањето на мировното образование во системот на воспитание и образоваие ќе ги охрабри младите да заземат активен став и учество во нивната средина, без насилство и со свесност за бројните видови неправди, дискриминации и насилства пренесувајќи им вештини и знаења кои се важни за градење на активен мир, граѓанско организирање и ненасилно дејствување. Ваквите активности сами по себе не можат да постигнат видливи позитивни резултати, голем исчекор во подобрување на состојбата, особено не во кратко време. Училиштата не се изолирани простори, па затоа делумен/еднонасочен пристап нема голема моќ за општествени промени. Пристапот мора да биде холистички и заеднички, неопходна е акција и од страна на МОН и Бирото за развој на образованието, затоа упатуваме апел до граѓанските организации, медиумите, институциите, да сплотиме сили и да обезбедиме училишта во кои мирот и ненасилството ке бидат основни вредности...
Поотворено и погласно треба да говориме за важноста на  мировното образование и неговото воведување во воспитно образовниот процес како содржина и мерка за превенција од насилство, како активност која ќе ја гради културата на мирот кај децата од најмали нозе.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)МакедонијаThu, 29 Sep 2016 09:26:46 +0200
Симпозиум во Скопје „Кураторски размени“http://mxradio.com.mk/mx/vesti/makedoni-a/simpozium-vo-skop-e-kuratorski-razmeni http://mxradio.com.mk/mx/vesti/makedoni-a/simpozium-vo-skop-e-kuratorski-razmeniСимпозиум во Скопје „Кураторски размени“

На 30 септември (петок) и 1 октомври (сабота) во организација на историчарката на уметност и кураторка Јованка Попова, и уметниците и коосновачи на Проектниот простор Прес ту егзит, Христина Иваноска и Јане Чаловски ќе биде организиран вториот дел од Интернационалниот годишен симпозиум под наслов „Кураторски размени“,

кој е реализиран во соработка со: Клуб ГЕМ (Скопје), МАД Китцхен (Скопје), Модестѕ (Токио) и Социјалниот центар „Дуња“(Скопје), а поддржан е од Министерство за култура на Република Македонија, Совет на Град Скопје и Австриска амбасада во Скопје.
Овој 5 по ред симпозиум, ја третира локалната и регионална потреба од квалитативна размена на знаење и искуства, кои се однесуваат на теоретски и уметнички истражувања, кураторски практики и едукација.
Намерата на симпозиумот е да даде увид во различни дискурзивни презентации и проекти кои преиспитуваат до кој степен институциите, јавноста и уметничката практика кореспондираат со развојните концепти за критичко курирање. Улогата и сѐ по забележителното влијание на кураторот во контекст на културната продукција воопшто, како и условеноста на неговото делување во и вон институционалните рамки, ќе бидат подложени на критичко размислување и анализа со секоја презентација и работна сесија. На тој начин симпозиумот ќе се обиде да адресира различни методологии и услови кои ја дефинираат кураторската практика како канал за социјални и политички критики и како практика изразена како логичен континуитет во процесот на поттикнување на културните, како и социо-политичките промени во современото општество.
Неодамна во рамки на симпозиумот свое излагање имаше иманетната словенечка кураторка Бети Жеровц, а во петок  со почеток од 10:30,  12:00,  13:30,  15:00 и 16:30 часот на платото пред Музејот на град Скопје закажана е аудио-тура со македонската уметничка и урбана истражувачка од Берлин, Ивана Сиџимовска под наслов  „Раскажувајќи го Скопје”, која е дел од нејзината докторска дисертација.
Истиот ден со почеток во 19 часот во клубот ГЕМ во Скопје (над кафулето Менада) отворено предавање ќе одржи Елке Красни, австриска кураторка, културна теоретичарка, урбана истражувачка и писателка, под наслов „Инволвирано: Урбани кураторски практики“ проследено со отворена дискусија.
Во сабота со почеток во 11:00 часот, па се до 14:00 во Социјалниот центар „Дуња“ (ул. Рајко Жинзифов 22, Скопје) Елке Красни ќе одржи отворена работна сесија за урбаните културни практики  во фокус на прашањето: Што е потребно за да се биде инволвиран? На работилницата заеднички ќе се работи на поимот на вклучување, кој обединува мисли и чувства.
Елке Красни, ќе направи вовед во концептот за инволвираност наспроти историите и теориите за урбаните интервенции, привремено експерименталната архитектура, социјално ангажирани уметнички практики, како и критички просторни практики. За својата презентација Красни појаснува: „Инволвирањето значи и споделување и вплеткување. Кои се импликациите и компликациите од ваквото споделување и вплеткување, односто инволвираност? Урбаното курирање е инволвирано во материјалните, социјалните, културните, политичките и економските урбани состојби. Урбаното курирање е дел од динамиката на урбана трансформација. Затоа, урбаното курирање е вмешано во, и воедно искомплицирано од состојбите во реалниот свет, во услови на глобализиран неолиберализам, постколонијализам, меѓународна миграција, нееднаков развој, и урбани кризи. Инволвираната практика, оттука, условува критичко истражување, материјалистичка анализа, трансверзална соработка. Инволвираната практика се базира врз повеќе различни распределени урбани сознанија, во мноштво. ”
Елке Красни (Елке Краснѕ) е кураторка, културна теоретичарка, урбана истражувачка и писателка. Таа е професорка на Академијата за ликовни уметности во Виена, Австрија. Нејзината теоретска и кураторската работа е цврсто вкоренета во општествено ангажираната уметност и просторна практика, урбана епистемологија, постколонијална теорија и феминистичка историографија. Во нејзината концептуално насочена и истражувачка кураторска практика таа ги преиспитува вкрстувањата меѓу уметноста, архитектурата, образованието, феминизмот, контекстот, просторните политики и урбанизмот. Нејзина цел е да даде придонес во иновациите и дебатите во овие области, преку соединување на експериментални пост-дисциплинарни сојузи меѓу истражувањето, учењето, кураторството и пишувањето.
Уметничкиот дел од докторското истражување на Сиџимовска „Раскажувајќи го Скопје. Скопје 2014: Хегемониски и спекулативни наративи“ е поврзан со неолиберални симболични урбани реконструкции, со фокус на преобразбата на градот Скопје односно ефектите на урбаното обновување врз јавниот простор. Создадена на основ на граѓаните и нивните субјективни приказни, замислени ситуации и искуства на урбаното, кои ги споделиле при прошетка со авторката, се создава шпекулативен наратив на градот, во кој се проектираат идеи за повторна проценка, преформулирање и поинакво толкување на реконструкцијата. Во комбинација со повеќе сонични опсервации, снимани на бинаурален начин, оригиналните интервјуа со граѓаните се процесираат, преведуваат и развиваат во форма на интерактивна сонична прошетка.
Ивана Сиџимовска е визуелна уметница и истражувачка на урбаниот простор. Има завршено додипломски студии на Факулетот за ликовна уметност на Педдагошкиот оддел во Скопје и магистерски студии на Факулетот за ликовна уметност Берлин – Вајзенсее, оддел Просторни стратегии. Нејзината уметничка пракса и истражување вклучува трансдициплинарна работа помеѓу уметност, архитектура и урбана социологија и најчесто е поврзана со работа во јавниот простор, притоа употребувајќи различни методи, медиуми и техники. Од 2012 таа е докторски кандидат на Баухаус Универзитетот Вајмар, Факултет за дизајн и медии.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)МакедонијаThu, 29 Sep 2016 09:16:16 +0200
Законот за владино рекламирање е повлеченhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/okhrid/zakonot-za-vladino-reklamira-e-e-povlechen http://mxradio.com.mk/mx/vesti/okhrid/zakonot-za-vladino-reklamira-e-e-povlechenЗаконот за владино рекламирање е повлечен

Владата на седница одржана вчера донела одлука да го повлече предлог-законот за медиумски и информативни кампањи, а писмено известување до пратениците било доставено доцна попладнето во 17.30 часот.

Зошто Владата се решила на овој чекор не им објаснила ниту на пратениците, ниту на јавноста. Инаку владината одлука е потпишана од вицепремерот и министер за здравство Никола Тодоров.
- Нема ниту збор околу причините за повлекување на предлог-законот. Ние тоа го бараме подолго време, но власта беше глува. Сепак можни се две работи. Прво го повлекле бидејќи се свесни дека ние ќе го блокиравме неговото носење со поднесување на повеќе од 500 амандмани, па најмалку еден месец во Собранието ќе се зборува за последиците од носењето на вакво законско решение. Исто така е можно Владата да го повлекла предложеното решени поради притисок на меѓународната заедница - вели пратеникот Томислав Тунтев од СДСМ кој жестоко го напаѓаше предложеното решение на собраниската комисија за транспорт и врски.
Предлагач на законското решение е Министерството за информатичко општество, а токму министерката Марта Арсовска Томовска пред пратениците и на јавните трибини ги бранеше понудените решенија. Но, сепак, повлекувањето не го направи предлагачот, туку Владата.
Некои медиуми објавија дека причина за оваа одлука на македонската Влада е многу остро писмо од Европската комисија упатено токму до Владата. Основната забелешка на Брисел била дека владиното рекламирање би имало силно влијание врз медиумскиот пазар, во кој Владата и досега беше најголем огласувач.
Законот за медиуми што го предложи посредникот во меѓупартиските преговори Питер Ванхауте предвидуваше медиумите да ги емитуваат бесплатно владините кампањи од јавен интерес .
Денеска ниту Владата ниту Министерството за информатичко општество не даваат одговор на прашањето зошто предлог-законот е повлечен, дали поради барањето на опозицијата или пак поради притисокот на меѓународната заедница.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)МакедонијаFri, 26 Aug 2016 12:17:09 +0200
Нова средба на ад-хок телото за медиумиhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/makedoni-a/nova-sredba-na-ad-khok-teloto-za-mediumi http://mxradio.com.mk/mx/vesti/makedoni-a/nova-sredba-na-ad-khok-teloto-za-mediumiНова средба на ад-хок телото за медиуми

Денеска напладне четворицата членови на Привремената комисија за мониторинг на медиумите ќе имаат нов состанок во обид да се договорат за тоа кој ќе биде петтиот член на ова тело.

Вчера членовите имале поединечни консултации во Агенцијата за медиуми, но заедничка средба не се остварила.
Иако вчера членовите на оваа комисија излегоа со различни ставови околу тоа што понатаму, откако беше пробиен законсиот рок за избор на петтиот член, сепак преовладува ставот дека телото треба да биде комплетирано најдоцна до среда, кога партиските лидери треба да утврдат дали има услови за избори на 11 декември.
На последниот состанок што се одржа во вторникот информираа дека не успеале да постигнат конензус за петтиот член.
Според неофицијалните информации од 10 кандидати што се јавиле на јавниот повик во потесен избор влегле Сефер Тахири и Даут Даути.
За дел од членовите на ад хок телото Даути не бил  прифатлив бидејќи беше член на Комисијата за лустрација, а додека за другите не бил прифатлив Тахири бидејќи како што забележале учествувал на партиски настани.
На предлог на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во телото беа назначени четворица членови, Слаѓана Димишковска, Цветин Чилиманов, Љубомир Костовски и Горан Трпеновски кои со консензус треба да го одберат петтиот, кој ќе биде клучен во носењето на одлуките при гласањето.
Привремената комисија ќе треба да работи во перидот од сто дена пред избори. До неа ќе се испраќаат извештаите од мониторингот на телевизиите и радијата што го прават стручните служби на Агенцијата за медиуми, а потоа комисијата ќе цени дали медиумите известувале балансирано или не.
Денеска на седницата на Советот на Агенцијата за медиуми треба да се усвои конечната верзија на методологијата по која ќе се врши мониторингот.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)МакедонијаFri, 26 Aug 2016 12:14:06 +0200
Не е постигнат договор, преговорите продолжуваатhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/makedoni-a/ne-e-postignat-dogovor-pregovorite-prodolzhuvaat http://mxradio.com.mk/mx/vesti/makedoni-a/ne-e-postignat-dogovor-pregovorite-prodolzhuvaatНе е постигнат договор, преговорите продолжуваат

 

Уште една полноќна лидерска сеанса без резултат. На маса биле сите отворени прашања, а според Питер Ванхауте, важно е што преговите за примена на Пржино продолжуваат.

 

 

Белгискиот медијатор за примена на договорот од Пржино Питер Ванхауте, по двочасовната средба на лидерите на четирите партии во Скопје што започна на полноќ, изјави дека на средбата не е постигнат договор.

 

Според Питер Ванхауте, важно што преговорите продолжуваат уште денеска и во наредните денови на билатерално ниво, а неизвесно е кога ќе има заедничка средба на работната група.

 

"Можам да кажам дека имавме корисни разговори иако не постигнавме договор. Добро е што луѓето почнуваат да разговараат. Се надевам на најдобро, но времето притиска се очекува извештајот за напредокот и препораката" , рече Ванхауте.

 

На лидерската средба во Клубот на пратениците се дискутирало за Специјалното обвинителство, надлежностите на министрите и заменик министрите, законот за „бомбите“ и оној за таканаречените свиркачи.

 

На средбата присуствуваа Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, како и евроамбасадорот Аиво Орав и претставници на други амбасади.

 

Претходно премиерот Никола Груевски имаше средба со амбасадори на ЕУ кои му ја пренесле пораката од Брисел за решавање на кризата во Македонија.

 

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)МакедонијаSat, 24 Oct 2015 08:55:29 +0200
Кривична пријава за дебарчанец за поткупhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/makedoni-a/krivichna-pri-ava-za-debarchanetc-za-potkup http://mxradio.com.mk/mx/vesti/makedoni-a/krivichna-pri-ava-za-debarchanetc-za-potkupКривична пријава за дебарчанец за поткуп

 

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „давање поткуп“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против М.Х. (39) од Дебар.

 

 

На 14 септември оваа година, пријавениот-сопственик на индивидуал- на земјоделска фирма “Чифлик Мирзо“-Дебар, на двајца вработени во Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој на Република Македонија, им дал една банкнота од 50 евра. Настанот се случил во Дебар при контрола-супервизија на земјоделска површина посеана со растителни производи-пченка, луцерка и граор, за кои пријавениот до Агенција имал поднесено барање за субвенционирање.

 

М.Х. знејќи дека има разлика помеѓу посеаните земјоделски површини наведени во негово барање за 46.967 метри квадратни и фактички посеаните земјоделски површини од 37.034 метри квадратни, на службените лица од Агенцијата им дал една банкнота од 50 евра со напомена дека сака да ги почасти ручек а контролата да бидела во ред.

 

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)МакедонијаSat, 24 Oct 2015 08:46:12 +0200
Убиство и убиство во обид во Кичевоhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/makedoni-a/ubistvo-i-ubistvo-vo-obid-vo-kichevo http://mxradio.com.mk/mx/vesti/makedoni-a/ubistvo-i-ubistvo-vo-obid-vo-kichevoУбиство и убиство во обид во Кичево

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „убиство“ и „убиство во обид“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.С. ( 42) од кичевското село Другово.


Пријавениот, на 10-ти овој месец, со нож му нанел тешки телесни повреди на неговиот брат Арун С. (46) кој подоцна им подлегнал на повредите.  А.С. се обидел од живот да ја лиши и неговата снаа Б.С.(39) која се здобила со повреди нанесени со нож во левото рамо.
Настанот се случил околу 16 часот на плоштадот во Кичево каде сега пријавениот го забележал неговиот, сега починат брат со сопругата. Откако им се приближил од зад грб, А.С. го извадил ножот што го имал со себе и на својот брат му задал повеќе удари во пределот на вратот и лицето. Потоа, со ножот ја нападнал и снаата Б.С. нанесувајќи и неколку убоди во левото рамо. Откако го направил тоа А.С. веднаш избегал од местото на настанот.
По преземени оперативни мерки и по консултација со јавното обвинителство, полициски службеници го пронајдоа А.С. сокриен во куќа во Кичево и го лишија од слобода. Воедно, во куќата пронајден е, и одземен ножот со кој е извршено кривичното дело.
По наредба на Основното јавно обвинителство во Гостивар, врз ножот и други предмети ќе биде извршена криминалистичка обработка а во текот на денот и обдукција врз телото на починатиот Арун С.
Според првичните сознанија, можни причини за сторените дела се од психичка природа, нарушено психичко здравје и нервна раздразнетост на приведениот А.С.  Него, во 2007 година Основниот суд од Кичево му изрекол мерка упатување во установа за лекување.   

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)МакедонијаThu, 11 Jun 2015 22:43:06 +0200
Лилјана Поповска на врши средби со сите општински организации на ДОМhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/makedoni-a/lil-ana-popovska-na-vrshi-sredbi-so-site-opshtinski-organizatcii-na-dom http://mxradio.com.mk/mx/vesti/makedoni-a/lil-ana-popovska-na-vrshi-sredbi-so-site-opshtinski-organizatcii-na-domЛилјана Поповска на врши средби со сите општински организации на ДОМ

 

Лилјана Поповска, предтседателка на ДОМ, со делегација од Извршниот одбор и МОДОМ, во изминатите денови имаше средби со општинските организации на ДОМ во Битола и Прилеп.

 

 

На средбите стана збор за актуелната политичка ситуација во земјата, како и за наредните самостојни активности на ДОМ, по излегувањето од владината коалиција.

 

Таа притоа подвлече дека ДОМ излезе од владината коалиција за да го помогне разрешувањето на политичката криза, за да се повлечат разумни политички потези кои ќе водат преку преодна Влада до предвремени избори, кои никој нема да може да ги оспори.

 

ДОМ продолжува самостојно во своето делување, во склад со својата програмска платформа, поддржувајќи го секој предлог и дејствие што е во интерес на граѓаните и Република Македонија. На локално ниво, нашите општински раководства одлучуваат по своја проценка за соработка во локалната власт, која е резултат од други избори, кои во многу земји се нарекуваат комунални, зашто се однесуваат за комунални работи од интерес за локалното население, изјави притоа Поповска и потсети дека ДОМ настапи самостојно на локалните избори 2013 и освои 25.000 гласови и право на своја одлука со кого ќе коалицира.

 

 

Во текот на јуни продолжуваат средбите со општинските организации на ДОМ од целата земја.

 

 

Сектор за односи со јавност на ДОМ

 

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)МакедонијаTue, 02 Jun 2015 10:17:51 +0200