Денеска по втор пат Органски базар во Скопје

Објавено во Македонија Четврток, 28 Мај 2015 20:52

Денес е второто издание на Органскиот Базар во Скопје Сити Мол, местото каде што и овој четврток може да се купат органски производи. Втора недела по ред, граѓаните ќе може да купат се’ за своето здравје и збогатат својата трпеза со органска храна.


Ова е локација на здравјето, место каде што ќе може да се купи здрава и органска храна. Сите производители и посетители на едно место. Хармонијата од природата и денес ќе се најде на трпезата и кошничката во секое семејство.
Минатиот четврток, големата побарувачка на органска храна ги испразни полиците на Базарот што е доказ дека здравјето има ново име. Во текот на целата година што следи, секој четврток, Скопје Сити Мол ќе биде домаќин на Органскиот Базар.
Првиот Органски Базар е во организација на Скопје Сити Мол во партнерство со Беорг, во соработка со Програмата ИМЕ спроведувана од Свисконтакт и Швајцарската Агенција за развој и Соработка, поддржано од Министерство за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство на Република Македонија.
И денес сите производители на органски продукти се на едно место, а целта е доближување на здравата храна до сите оние кои се во потрага по неа. Органско овошје и зеленчук, органски производи и козметика, сето ова ќе може да се купи во Скопје Сити Мол и денес, од 10 до 22 часот. Влезот за Органски Базар во Скопје Сити Мол е од страната на ул. МАНАПО ( од страната на Карпош 3).
Скопје Сити Мол е местото каде што здравјето има ново име- Органски Базар, многу енергија и здрави продукти на едно место.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.