АДА го продолжи рокот за Геотерма

Објавено во Македонија Среда, 03 Ноември 2010 17:04

Австриската агенција за развој (АДА) одобри продолжување на рокот за реализација на проектот Еколошка санација и енергетска рационализација на геотермалниот систем „Геотерма" до 31 јануари 2011 година.

Изведувачот „Енергосистем" веќе реализира  дел од работите по тендерот. До 20 декември е обврзан да ги изведе електричните инсталации и снабдувањето со електрична енергија од постојната трансформаторска станица, да изработи поврзни цевководи, СЦАДА, да инсталира топлоизменувачка опрема, да изгради зграда за сместување на топлоизменувачката опрема.

Периодот до 31 јануари 2011 година ќе биде наменет за тестирање на целиот систем и обука на вработените за работа со уредите во новоинсталираниот дублет систем.

Со ова, проектот Еколошка санација и енергетска рационализација на геотермалниот систем  влезе во својата завршна фаза. Вкупната инвестициска вредност на овој проект кој започна да се реализира во 2006 г. е 1,5 милион евра. Со Анекс на договорот во ноември 2009 г. стигнаа дополнителни 225 илјади евра  за изработка на цевковод  од новиот бунар во Подлог до бунарот за реинјектирање во с. Бања, со што се овозможува зголемено користење на нови 50 л/сек. геотермалната вода и нејзино враќање во утробата на земјата.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.