Успешно клонирање на три бебиња во Италија

Објавено во Технологија Четврток, 05 Март 2009 02:49

Северино Анитинари, проучениот италјански гинеколог изјави дека клонирал три бебиња, кои денес се сосема здрави и имаат по 9 години и живеат во некои од државите во Источна Европа. 

"Придонесов за раѓањето на три човечки суштества со техниката на клонирање. Станува збор за две момчиња и едно девојче, кои денес се на деветгодишна возраст. Тие се родија здрави и во моментот се со одлично здравје", изјавил Антинари во интервјуто што излезе вчера во италјанското списание "Оџи".

 Во неговата изјава во 2004 година рече дека се родени три клонирани деца не отривајќи дека и тој лично учествувал во клонирањето.

Северино Антинари стана познат со тоа што им помагаше на жените да забременат и да родат во менопаузата.

Антинари не си дозволува да открие повеќе детали ради заштитата на приватниот живот на клонираните деца исто така тврди но без поткрепа на докази дека за клонирањето искористил клетки од тројцата татковци кои па биле стерилни

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.