Титаник бродот од соништата

Објавено во Технологија Среда, 15 Април 2009 01:34

На денешен ден во 1912 година на првото патување од Велика Британија во САД, најголемиот и најлуксузниот патнички брод „Титаник" со голема брзина налета на леден брег во Атлантикот. Бродот потона за само два часа и 20 минути. Од 2 224 патници и членови на екипажот загинаа 1 523.

Титаник бил Британски прекуокеански патнички пароброд од класата Олимпик, сопственост на Вајт Стар Лајн, компанија која организирала редовен прекуокеански сообраќај помеѓу Велика Британија (обично од Саутхемптон) и САД (обично до Њу Јорк). Бил изграден во бродоградилиштето Харланд и Вулф.

Во времето кога бил изграден, бил најголемиот патнички брод. Бил изработен според најсовремените технологии и популарно се верувало дека е „непотоплив". Палубите и просториите од првата класа на бродот биле особено луксузни и убаво уредени. Имал носивост од 46.328 бруто-регистарски тони, должина од 269,1м, парни турбини со 59.000 коњски сили, максимална брзина при полн товар од 24 јазли (44,57 км/ч) и капацитет од 3.547 патници. За време на првото патување, Титаник удрил во санта мраз во Северниот Атлантик пред полноќ на 14 април 1912 година и потонал два часа и четириесет минути подоцна, на 15. април. Тоа бил голем шок за јавноста, особено што потонувањето завршило со огромни загуби од 1523 патници, што е една од најголемите поморски цивилни несреќи.

Остатоците од Титаник биле пронајдени  на океанското дно на длабочина од 3800м на 1 септември 1985 година од заедничка американско-француска titanik_potonatекспедиција, 22 км подалеку од последната позната позиција на бродот. Крмата лежела 600м подалеку од носот на бродот, а голем дел од предметите и делови од бродот биле расфрлани на морското дно помеѓу нив.

Бродот "Титаник" бил толку луксузен, што и денес не би бил за потценување. На него имало тениски игралишта, спортска сала, куглана, па дури и лифтови, кои во тоа време биле чудо! Сместувањето во првата класа чинело 4300 долари, што и денес е многу, а камо ли тогаш! Се имало на "Титаник" во изобилство, освен едно: начин да се избегне трагедијата!

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.