Севернокорејскиот сателит емитува револуционерни песни

Објавено во Технологија Вторник, 07 Април 2009 01:15

Ракетата со голем дострел, која и покрај противењето на меѓународната заедница ја лансираше Северна Кореја, во вселената постави сателит кој сега кружи околу Земјата, емитувајќи револуционери песни.
„ Нашите научници и инженери упешно го поставија сателитот Квангмјонгсонг - 2 во орбитата, со помош на ракетата носач Унха - 2. Сателитот е плод на нашата мудрост и технологија и претставува особено гордо достигнување на нашата борба за унапредување на домашната вселенска технологија "- се наведува во соопштението на севернокорејската агенција КЦНА. Тој, според соопштението, емитува револуционерни песни. Станува збор за „Песна за генералот Ким Ил-сунг" и „Песната за генералот Ким Џонг-ил", посветени на основачот на комунистичката држава и на неговиот син, кој во моментот е лидер на Северна Кореја.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.