Први снимки со „iPhone“ од вселената

Објавено во Технологија Петок, 22 Октомври 2010 20:50

Татко и син од Бруклин се забавувале на еден портал за наука, па направиле мал експеримент, за кој им биле доволни „iPhone 4" и балон за временска прогноза.
Тие направиле кутија во која ставиле „iPhone 4" со вклучена камера и го врзале за балон за временска прогноза по што го пуштиле во вселената.

Балонот достигнал висина од 30 километри, што е доволно да се види Земјината заобленост како и црното небо над атмосферата.
На таа висина балонот пукнал поради рпитисокот, по што кутијата со мобилниот телефон паднала 50-тина километри подалеку од Њујорк.
Научниците аматери ја пронашле со помош на GPS уред.
Резултат од нивниот експеримент е шестминутна снимка.  / AP /

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.