Најлесниот лап-топ пуштен во продажба

Објавено во Технологија Четврток, 05 Март 2009 02:31

Најновиот корејски лап-топ кој тежи само 315 и има екран од 4,8 инчи е пуштен во продажба и е наречен "Mbook M1".

Ова е производ на Јужнокорејската компанија УМИД која тврди дека ова е досега најлесниот и најмалиот мини компјутер на светот. Дискплејот од 4,8 инчи достигнува максимална резолуција од 1024x600 пиксели која е карактерстична за големите лаптоп компјутери со многу поголем дисплеј.

Покрај дисплејот вграден е динамик исто така и веб камера со резолуција од 1,3 мегапиксели, основната верзија на лаптопот е со вграден IntelAtom процесор со фреквенција од 1,1 гигахерци, а напредната верзија со исто имениот процесор, но со 1,4 гигахерц фреквенција и двете верзии имаат по 1 гигабајт оперативна меморија. Компјутерот е компатибилен со Блутут и WiBro технологиите, а поседува и приемник за мобилна телевизија. Мини компјутерчето оди заедно со Windows XP оперативен систем.


 

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.