Lexus планира знаменосецот ЛС да го понуди во „водородна“ верзија

Објавено во Технологија Сабота, 24 Октомври 2015 09:19

Следната генерација на знаменосецот на Леџус е можно да добие верзија со погон на водород до 2020 година, известуваат јапонските медиуми. Корпорацијата Тоѕота веќе го нуди Мираи како сериски модел со погон на водород.


По успешното стартување со продажбата на првиот сериски автомобил со погон со горивни ќелии, корпорацијата Тоѕота планира следната генерација на знаменосецот ЛС од својата луксузна марка Леџус исто така да ја понуди со напредниот погон на водород до 2020 година. Се очекува дека трошоците за развој и производство на технологијата на погонот на водород ќе забележат пад во следните пет години, што ќе овозможи цената на водородниот ЛС да биде блиску до конкурентските модели со конвенционален погон.
Тоѕота инвестира масовно во возилата со горивни ќелии, коишто во основата се електрични автомобили, но место струјата да ја црпат од батериите, тие ја добиваат истата од хемиската реакција меѓу водородот и кислородот во горивната ќелија. Како резултат од реакцијата се добива само чиста вода. Претходно од корпорацијата соопштија дека планираат да достигнат годишна продажба од 30.000 возила со погон на водород до крајот на деценијата, во насока на реализацијата на планот, сите возила на Тоѕота до 2050 година да достигнат речиси нулта емисија на штетни материи.
Моделот со водороден погон Тоѕота Мираи досега е продаден во 350 примероци, а планот е во следната година продукцијата да се зголеми на 2.000 возила, а потоа и на 3.000 возила во 2017 година.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.