Крајот на светот ќе почне заедно со новата школска година!!!

Објавено во Технологија Среда, 25 Февруари 2009 01:06

 Кон крајот на Септември оваа година повторно ќе биде актвиран Large Hadron Collider (LHC) во Швајцарија, највисоко буџетниот проект за откривање на настанокот на универзумот.

За прв пат LHC беше пуштен  во погон на 10-ти септември 2008 година, но по неколку дена дојде до дефект  поради кој мораше да се одложи целиот процес. Првите прептоставки за повторно активирање на машината беа за оваа пролет, но потоа крајно е одлучено да се активира на лето.

Изјава на Ролф Дитер Хојер (директор на на Европската организација за нуклеарни истражувања):
"Распоредот што сега го имаме, без никаков сомнеж е најдобар за LHC и за физичарите кои чеккат на податоците. Овој пат внимаваме за да се осигуриме дека целата неопходна работа ќе биде завршена пред да го стартуваме LHC а истовремено физичарите годинава да можат да почнат со своите истражувања."

Цената на поправка на оваа чудесна машина изнесува негде околу 26 милиони евра.

Инаку градењето на LHC траеше над 10 години и на него работеа над 10.000 луѓе и чинеше 3,9 милијарди евра, прв пат во погон беше пуштен на 10-ти Септември 2008-ма, но поради неочекуваното капење на хелиум од системот за разладување по 9 дена активно работење LHC беше исклучен.

Прашањето е, дали е вредно да се отркие како настанал универзумот ако притоа го уништиме истиот?

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.