Иднината е тука: Погледнете кој прв ги проба патиките кои сами се врзуваат

Објавено во Технологија Сабота, 24 Октомври 2015 09:16

Мислевме дека патиките кои сами се врзуваат се една од ретките работи кои филмот „Враќање во иднината“ не успеа да го предвиди, но се излажавме.
Нике ги создадоа „патиките на иднината“, кои се слични ако не и идентични со патиките од филмот.


На нивната горна страна постојат врвки кои по вметнувањето на ногата во патиката автоматски се притегаат до совршениот притисок и комфорт.
Врвките автоматски се приспособуваат на ногата и додека носачот оди или трча за да обезбедат најдобри можни перформанси.
Засега Нике Аир 2015 ќе бидат наменети само за посебни личности како познати спортисти и јавни личности и нема да можат да се купат од продавница.
А, нормално првиот пар од овие патики отиде во рацете на Мајкл Џ. Фокс кој го играше Марти Мекфлај, како благодарност за инспирацијата.
Инаку сите средства од продажбата на самоврзувачките патики ќе одат за Мајкл Џ. Фокс фондацијата која е основана за борба против Паркинсоновата болест од која и самиот актер боледува.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.