Големо разочарување за научниците

Објавено во Технологија Среда, 25 Февруари 2009 22:47

Без екипажната ракета "Таурус" од НАСА наменета за набљудување на концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата, се урнала неочеуквано после самото лансирање.

Ракетата со сателит паднала во океан во близина на Анартикот, при што функционерот на компанијата овај инцидент го нарекол "огромно разочарување за научниците".

Мисијата за сателитот наречен "Орбитална опсерваторија за јаглерод" кој беше наменет да стигне во орбитата со цел да ја мери концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата и да им покаже на научниците на кои места на земјата овој гас најбрзо се апсорбира заврши неуспешно со разочарувачки резултати за научниците.

Ракетата чинела околу 279 милиони долари.

 

Инаку јаглеродот диоксид во атмосферата се смета за најодговорен за глобалното затоплување и климатски промени.

Минатиот месец  Јапонците го лансира првиот сателит за следење на ослободувањето на гасови кои предизвикувале ефект на стаклена градина, се тоа за да се спречат климатските промени на планетата земја.

 

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.