Технологијаhttp://mxradio.com.mk Wed, 23 Aug 2017 15:58:27 +0200Joomla! - Open Source Content Managementmk-mkLexus планира знаменосецот ЛС да го понуди во „водородна“ верзијаhttp://mxradio.com.mk/mx/tekhnologi-a/lexus-planira-znamenosetcot-ls-da-go-ponudi-vo-vodorodna-verzi-a http://mxradio.com.mk/mx/tekhnologi-a/lexus-planira-znamenosetcot-ls-da-go-ponudi-vo-vodorodna-verzi-aLexus планира знаменосецот ЛС да го понуди во „водородна“ верзија

Следната генерација на знаменосецот на Леџус е можно да добие верзија со погон на водород до 2020 година, известуваат јапонските медиуми. Корпорацијата Тоѕота веќе го нуди Мираи како сериски модел со погон на водород.


По успешното стартување со продажбата на првиот сериски автомобил со погон со горивни ќелии, корпорацијата Тоѕота планира следната генерација на знаменосецот ЛС од својата луксузна марка Леџус исто така да ја понуди со напредниот погон на водород до 2020 година. Се очекува дека трошоците за развој и производство на технологијата на погонот на водород ќе забележат пад во следните пет години, што ќе овозможи цената на водородниот ЛС да биде блиску до конкурентските модели со конвенционален погон.
Тоѕота инвестира масовно во возилата со горивни ќелии, коишто во основата се електрични автомобили, но место струјата да ја црпат од батериите, тие ја добиваат истата од хемиската реакција меѓу водородот и кислородот во горивната ќелија. Како резултат од реакцијата се добива само чиста вода. Претходно од корпорацијата соопштија дека планираат да достигнат годишна продажба од 30.000 возила со погон на водород до крајот на деценијата, во насока на реализацијата на планот, сите возила на Тоѕота до 2050 година да достигнат речиси нулта емисија на штетни материи.
Моделот со водороден погон Тоѕота Мираи досега е продаден во 350 примероци, а планот е во следната година продукцијата да се зголеми на 2.000 возила, а потоа и на 3.000 возила во 2017 година.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ТехнологијаSat, 24 Oct 2015 09:19:01 +0200
Иднината е тука: Погледнете кој прв ги проба патиките кои сами се врзуваатhttp://mxradio.com.mk/mx/tekhnologi-a/idninata-e-tuka-poglednete-ko-prv-gi-proba-patikite-koi-sami-se-vrzuvaat http://mxradio.com.mk/mx/tekhnologi-a/idninata-e-tuka-poglednete-ko-prv-gi-proba-patikite-koi-sami-se-vrzuvaatИднината е тука: Погледнете кој прв ги проба патиките кои сами се врзуваат

Мислевме дека патиките кои сами се врзуваат се една од ретките работи кои филмот „Враќање во иднината“ не успеа да го предвиди, но се излажавме.
Нике ги создадоа „патиките на иднината“, кои се слични ако не и идентични со патиките од филмот.


На нивната горна страна постојат врвки кои по вметнувањето на ногата во патиката автоматски се притегаат до совршениот притисок и комфорт.
Врвките автоматски се приспособуваат на ногата и додека носачот оди или трча за да обезбедат најдобри можни перформанси.
Засега Нике Аир 2015 ќе бидат наменети само за посебни личности како познати спортисти и јавни личности и нема да можат да се купат од продавница.
А, нормално првиот пар од овие патики отиде во рацете на Мајкл Џ. Фокс кој го играше Марти Мекфлај, како благодарност за инспирацијата.
Инаку сите средства од продажбата на самоврзувачките патики ќе одат за Мајкл Џ. Фокс фондацијата која е основана за борба против Паркинсоновата болест од која и самиот актер боледува.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ТехнологијаSat, 24 Oct 2015 09:16:59 +0200
Крајот на светот ќе почне заедно со новата школска година!!!http://mxradio.com.mk/mx/tekhnologi-a/kra-ot-na-svetot-e-pochne-zaedno-so-novata-shkolska-godina http://mxradio.com.mk/mx/tekhnologi-a/kra-ot-na-svetot-e-pochne-zaedno-so-novata-shkolska-godina

 Кон крајот на Септември оваа година повторно ќе биде актвиран Large Hadron Collider (LHC) во Швајцарија, највисоко буџетниот проект за откривање на настанокот на универзумот.

За прв пат LHC беше пуштен  во погон на 10-ти септември 2008 година, но по неколку дена дојде до дефект  поради кој мораше да се одложи целиот процес. Првите прептоставки за повторно активирање на машината беа за оваа пролет, но потоа крајно е одлучено да се активира на лето.

Изјава на Ролф Дитер Хојер (директор на на Европската организација за нуклеарни истражувања):
"Распоредот што сега го имаме, без никаков сомнеж е најдобар за LHC и за физичарите кои чеккат на податоците. Овој пат внимаваме за да се осигуриме дека целата неопходна работа ќе биде завршена пред да го стартуваме LHC а истовремено физичарите годинава да можат да почнат со своите истражувања."

Цената на поправка на оваа чудесна машина изнесува негде околу 26 милиони евра.

Инаку градењето на LHC траеше над 10 години и на него работеа над 10.000 луѓе и чинеше 3,9 милијарди евра, прв пат во погон беше пуштен на 10-ти Септември 2008-ма, но поради неочекуваното капење на хелиум од системот за разладување по 9 дена активно работење LHC беше исклучен.

Прашањето е, дали е вредно да се отркие како настанал универзумот ако притоа го уништиме истиот?

]]>

contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ТехнологијаWed, 25 Feb 2009 01:06:12 +0100
Успешно клонирање на три бебиња во Италијаhttp://mxradio.com.mk/mx/tekhnologi-a/uspeshno-klonira-e-na-tri-bebi-a-vo-itali-a http://mxradio.com.mk/mx/tekhnologi-a/uspeshno-klonira-e-na-tri-bebi-a-vo-itali-a

Северино Анитинари, проучениот италјански гинеколог изјави дека клонирал три бебиња, кои денес се сосема здрави и имаат по 9 години и живеат во некои од државите во Источна Европа. 

"Придонесов за раѓањето на три човечки суштества со техниката на клонирање. Станува збор за две момчиња и едно девојче, кои денес се на деветгодишна возраст. Тие се родија здрави и во моментот се со одлично здравје", изјавил Антинари во интервјуто што излезе вчера во италјанското списание "Оџи".

 Во неговата изјава во 2004 година рече дека се родени три клонирани деца не отривајќи дека и тој лично учествувал во клонирањето.

Северино Антинари стана познат со тоа што им помагаше на жените да забременат и да родат во менопаузата.

Антинари не си дозволува да открие повеќе детали ради заштитата на приватниот живот на клонираните деца исто така тврди но без поткрепа на докази дека за клонирањето искористил клетки од тројцата татковци кои па биле стерилни

]]>

contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ТехнологијаThu, 05 Mar 2009 02:49:29 +0100
Дипломата на Ајнштајн ќе биде даена на аукцијаhttp://mxradio.com.mk/mx/tekhnologi-a/diplomata-na-a-nshta-n-e-bide-daena-na-auktci-a http://mxradio.com.mk/mx/tekhnologi-a/diplomata-na-a-nshta-n-e-bide-daena-na-auktci-a

Докторската диплома на Алберт Ајнштајн која славниот научник ја стекна на природно-математичкиот факултет во Цирих ова лето ќе биде понудена на аукција.

Аукцијата ќе ја организира познатата швајцарска галерија Fischer Luzern.

Почетната цена на дипломата, која галеријата ќе ја понуди на многубројни заинтересирани колекционери, се очекува да биде 20.000 швајцарски франци.

Ајнштајн докторската диплома ја доби на тема новите одредувања на молекуларните димензии во 1906 година, на 26 годишна возраст.

Набрзо после тоа, Алберт ја добива и Нобеловата награда за физика за неговото откритие во областа на фотоелектричните ефекти.

Ајнштајн е најпознат по својата теорија за релативност и формулата Е=МС2, со која објаснува дека масата и енергијата се едно.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ТехнологијаMon, 09 Mar 2009 11:22:30 +0100
Титаник бродот од соништатаhttp://mxradio.com.mk/mx/tekhnologi-a/titanik-brodot-od-sonishtata http://mxradio.com.mk/mx/tekhnologi-a/titanik-brodot-od-sonishtata

titanik_orjinal_На денешен ден во 1912 година на првото патување од Велика Британија во САД, најголемиот и најлуксузниот патнички брод „Титаник" со голема брзина налета на леден брег во Атлантикот. Бродот потона за само два часа и 20 минути. Од 2 224 патници и членови на екипажот загинаа 1 523.

Титаник бил Британски прекуокеански патнички пароброд од класата Олимпик, сопственост на Вајт Стар Лајн, компанија која организирала редовен прекуокеански сообраќај помеѓу Велика Британија (обично од Саутхемптон) и САД (обично до Њу Јорк). Бил изграден во бродоградилиштето Харланд и Вулф.

Во времето кога бил изграден, бил најголемиот патнички брод. Бил изработен според најсовремените технологии и популарно се верувало дека е „непотоплив". Палубите и просториите од првата класа на бродот биле особено луксузни и убаво уредени. Имал носивост од 46.328 бруто-регистарски тони, должина од 269,1м, парни турбини со 59.000 коњски сили, максимална брзина при полн товар од 24 јазли (44,57 км/ч) и капацитет од 3.547 патници. За време на првото патување, Титаник удрил во санта мраз во Северниот Атлантик пред полноќ на 14 април 1912 година и потонал два часа и четириесет минути подоцна, на 15. април. Тоа бил голем шок за јавноста, особено што потонувањето завршило со огромни загуби од 1523 патници, што е една од најголемите поморски цивилни несреќи.

Остатоците од Титаник биле пронајдени  на океанското дно на длабочина од 3800м на 1 септември 1985 година од заедничка американско-француска titanik_potonatекспедиција, 22 км подалеку од последната позната позиција на бродот. Крмата лежела 600м подалеку од носот на бродот, а голем дел од предметите и делови од бродот биле расфрлани на морското дно помеѓу нив.

Бродот "Титаник" бил толку луксузен, што и денес не би бил за потценување. На него имало тениски игралишта, спортска сала, куглана, па дури и лифтови, кои во тоа време биле чудо! Сместувањето во првата класа чинело 4300 долари, што и денес е многу, а камо ли тогаш! Се имало на "Титаник" во изобилство, освен едно: начин да се избегне трагедијата!

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ТехнологијаWed, 15 Apr 2009 01:34:21 +0200
Сто години од презентацијата на Теоријата на релативитетотhttp://mxradio.com.mk/mx/tekhnologi-a/sto-godini-od-prezentatci-ata-na-teori-ata-na-relativitetot http://mxradio.com.mk/mx/tekhnologi-a/sto-godini-od-prezentatci-ata-na-teori-ata-na-relativitetot

460px-Albert_Einstein_HeadПресвртница во развојот на теоретската физика се случи пред точно сто години со презентацијата на Теоријата на релативитетот на Алберт Ајнштајн. На 21 септември 1909 година во 15 часот на  81-то заседание на Друштвото на германските природонаучници и лекари во Салцбург, младиот Алберт Ајнштајн прв пат јавно ја презентираше својата теорија на релативитетот.

Заседанието, на кое Ајнштајн ја објасни и својата прочуена формула енергијата е еднаква на масата по брзината на светлоста на квадрат, се одржуваше во фискултурната сала на гимназијата Андраж во Салцбург, каде и сега стои спомен-плоча за пресвртниот момент во науката. Ајнштајн доби признание за предавањето, но некои негови колеги како Макс Планк изразија сомневања во теоријата на релативитетот.

Алберт Ајнштајн е роден на 14 март 1879 година во германскиот град Улм, а почина на 18 април 1955 во Принстон во САД.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ТехнологијаMon, 21 Sep 2009 11:01:01 +0200
Први снимки со „iPhone“ од вселенатаhttp://mxradio.com.mk/mx/tekhnologi-a/prvi-snimki-so-iphone-od-vselenata http://mxradio.com.mk/mx/tekhnologi-a/prvi-snimki-so-iphone-od-vselenata

space_iphoneТатко и син од Бруклин се забавувале на еден портал за наука, па направиле мал експеримент, за кој им биле доволни „iPhone 4" и балон за временска прогноза.
Тие направиле кутија во која ставиле „iPhone 4" со вклучена камера и го врзале за балон за временска прогноза по што го пуштиле во вселената.

Балонот достигнал висина од 30 километри, што е доволно да се види Земјината заобленост како и црното небо над атмосферата.
На таа висина балонот пукнал поради рпитисокот, по што кутијата со мобилниот телефон паднала 50-тина километри подалеку од Њујорк.
Научниците аматери ја пронашле со помош на GPS уред.
Резултат од нивниот експеримент е шестминутна снимка.  / AP /
]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ТехнологијаFri, 22 Oct 2010 20:50:52 +0200
Големо разочарување за научницитеhttp://mxradio.com.mk/mx/tekhnologi-a/golemo-razocharuva-e-za-nauchnitcite http://mxradio.com.mk/mx/tekhnologi-a/golemo-razocharuva-e-za-nauchnitcite

Без екипажната ракета "Таурус" од НАСА наменета за набљудување на концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата, се урнала неочеуквано после самото лансирање.

Ракетата со сателит паднала во океан во близина на Анартикот, при што функционерот на компанијата овај инцидент го нарекол "огромно разочарување за научниците".

Мисијата за сателитот наречен "Орбитална опсерваторија за јаглерод" кој беше наменет да стигне во орбитата со цел да ја мери концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата и да им покаже на научниците на кои места на земјата овој гас најбрзо се апсорбира заврши неуспешно со разочарувачки резултати за научниците.

Ракетата чинела околу 279 милиони долари.

 

Инаку јаглеродот диоксид во атмосферата се смета за најодговорен за глобалното затоплување и климатски промени.

Минатиот месец  Јапонците го лансира првиот сателит за следење на ослободувањето на гасови кои предизвикувале ефект на стаклена градина, се тоа за да се спречат климатските промени на планетата земја.

 

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ТехнологијаWed, 25 Feb 2009 22:47:49 +0100
Севернокорејскиот сателит емитува револуционерни песниhttp://mxradio.com.mk/mx/tekhnologi-a/severnokore-skiot-satelit-emituva-revolutcionerni-pesni http://mxradio.com.mk/mx/tekhnologi-a/severnokore-skiot-satelit-emituva-revolutcionerni-pesni

satelit_2Ракетата со голем дострел, која и покрај противењето на меѓународната заедница ја лансираше Северна Кореја, во вселената постави сателит кој сега кружи околу Земјата, емитувајќи револуционери песни.
„ Нашите научници и инженери упешно го поставија сателитот Квангмјонгсонг - 2 во орбитата, со помош на ракетата носач Унха - 2. Сателитот е плод на нашата мудрост и технологија и претставува особено гордо достигнување на нашата борба за унапредување на домашната вселенска технологија "- се наведува во соопштението на севернокорејската агенција КЦНА. Тој, според соопштението, емитува револуционерни песни. Станува збор за „Песна за генералот Ким Ил-сунг" и „Песната за генералот Ким Џонг-ил", посветени на основачот на комунистичката држава и на неговиот син, кој во моментот е лидер на Северна Кореја.
]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)ТехнологијаTue, 07 Apr 2009 01:15:35 +0200