Дипломата на Ајнштајн ќе биде даена на аукција

Објавено во Технологија Понеделник, 09 Март 2009 11:22

Докторската диплома на Алберт Ајнштајн која славниот научник ја стекна на природно-математичкиот факултет во Цирих ова лето ќе биде понудена на аукција.

Аукцијата ќе ја организира познатата швајцарска галерија Fischer Luzern.

Почетната цена на дипломата, која галеријата ќе ја понуди на многубројни заинтересирани колекционери, се очекува да биде 20.000 швајцарски франци.

Ајнштајн докторската диплома ја доби на тема новите одредувања на молекуларните димензии во 1906 година, на 26 годишна возраст.

Набрзо после тоа, Алберт ја добива и Нобеловата награда за физика за неговото откритие во областа на фотоелектричните ефекти.

Ајнштајн е најпознат по својата теорија за релативност и формулата Е=МС2, со која објаснува дека масата и енергијата се едно.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.