Спорт

Една од најголемите атлетски легенди, Украинецот Сергеј Бубка, поранешен олимписки шампион и светски рекордер ќе дојде во Охрид во мај годинава. Тој ќе присуствува како промотор на атлетскиот митинг кој од 12 до 19 мај ќе се одржи на охридското крајбрежје, а во употреба ќе биде пуштена и новата атлетска патека на стадионот „Билјанини извори".

Во организација на агенцијата за млади и спорт на Р Македонија, едриличарската федерација на Македонија и едриличарскиот клуб Снегар на 23 мај ќе се одржи  Мајска едриличарска регата. Регатното поле е на потегот  „Градска плажа" пред едрили­чар­скиот клуб „Снегар" во Струга.

Во рамките на "Фестивалот на црешата" во Текирдаг-Турција се одржа Меѓународна едриличарска регата.

На регатата зедоа учество десет македонски едриличари од клубовите, Снегар-Струга, Стрмец и Бофор од Охрид.

Во силна конкуренција на повеќето клубови од Мраморното море македонските едриличари постигнаа забележителни резултати.

Во класата Ласер Радијал, Ердал Лушо,Снегар- Струга, убедливо го освои првото место.

Во Камиен Поморски , Полска заврши Европското првенство во едрење во класата Оптимист. На првенството зедоа учество 247 едиличари од Европа како и гости од САД,Бразил,Нов Зеланд и Јапонија. На првенството учествуваа и македонските преставници Димитар Поп-Стефанија кој го освои 126. место и Новица Вељаноски кој беше 143-ти.

По повод Националниот празник Илинден, едриличарските клубови "Бофор" и "Стрмец" од Охрид и Едриличарската Федерација на Македонија, ја продолжуваат традицијата на организирање на Меѓународната Илинденска едриличарска регата Охрид 2010, која оваа година ќе се одржи по 42 ри пат, во деновите 31 јули, 01 и 02 август 2010 год.

Денеска во златната сала на х.Инекс Горица  се одржа средба со учесниците на 24-от Меѓународен пливачки маратон.

Ќе се плива на добро познатата патека од Св.Наум до Охрид(гратско пристаниште), патека Климе Савин долга 30км.

На техничкиот состанок кој се одржа во 10:45мин. беа изнесени детали за стартот, допинг тест, начин на поминување на бовите и сл.

Овој технички состанок го започна директорот на трката Сашо Точко кој го презентираше текот на овој технички состанок.

Со добредојде на сите пливачи им се обрати Градоначалникот на Охрид Александар Петрески.

Петрески се заблагодари на покровителот на Охридскиот пливачки маратон, на претседателот на РМ и сите чинители кои се трудат за опстанок и традиционално одржување на манифестацијата.

Во Охрид на регатното поле Пристаниште-Горица-Канал Студенчишта ќе се одржи Државното првенство во едење во класата Оптимист до 12 години. Во посебни категории за девојчина и момчиња околу дваесетина најмлади едиличари ќе се натпреваруваат за државни прваци во 2010 година.

Карате клубот ЧОЛЕ-ОХРИД викендот на 20/21.11.2010 год учевствуваше на државниот натпревар во карате кој штосе одржа во Скопје спортска сала Македонија во Радишани.

На 27-03-2011год.(недела ) Охрид ќе има ретка можност да биде домаќин на државното првенство во планински велосипедизам прво за годинешнава сезона .
Патеката ,, ЛИХНИД,, за прв пат ке се промовира , а претставува урбано но сепак планинско возење. Стартот и целта ќе бидат кај Античкиот тетар .
Кружната трка ќе се одвива од 12:00 до 14:00 часот околу Самоиловата тврдина и над црквата Св.Јован Канео, Плаошник , улиците Илинденска , Христо Узунов , Климентов Универзитет, Кузман Капидан, Горна порта и уличките околу антички театар .

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.