Спорт

 Тимот на Виљареал остана без својот тренер, Хуан Карлос Гаридо веднаш по елиминацијата од шпанскиот кралски куп. Тимот на Виљареал синоќа на домашен тренер беше понижен и исфрлен од нисколигашот Мирандес, а луѓето во клубот немаа трпение за тренерот Гаридо.

Домашаната победа од 3:0 над Стоук во средата играчите на Манчстер Сити по прв пат по 82-години ќе го дочекаат Божиќ на првото место на табелата. "Среќен сум што Божиќ ќе го дочекаме на првото место на табелата, но само поради навивачите, кој поради тоа ќе имаат среќни празници.

Иако оваа тениска сезона мина во знакот на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, некогаш неприкосновениот крал Рожер Федерер пред крајот на годината покажа дека на него мора да се смета и во иднина. Швајцарецот лесно се подготвува за турнирот во Абу Даби на кој ќе учествуваат најголемите тениски звезди.

 

Фудбалерот на Барселона, Ибрахим Афелај заработи тешка повреда на вчерашниот тренинг на каталонската екипа и ќе мора да замине на операција на коленото.
25-годишниот холандски репрезентативец ги скина вкрстените лигаменти на левото колено и според првите проценки ќе биде надвор од теренот во наредните шест месеци.

 

Клубот од Дагестан е подготвен да ги помери границите. Во зимскиот преоден рок, Сулејман Керимов подготвил неверојатна сума. Прва мета Лампард?

Споменатите пари ќе бидат потрешени не само за отштети, туку и за плати на играчите.

Впрочем тоа е најважната ставка, бидејќи само лудите понуди во вид на примања можат да привлечат ѕвезди.

 

На одржана церемонија, најтрофејниот турски клуб низ прослава на 35-годишницата од постоењето, ги претстави играчите за наредната сезона. Меѓу нив и нашиот репрезентативец, Владо Илиевски, пренесува официјалниот веб сајт на националната кошаркарска федерација.

 

На пријателски натпревар против Спиру, македонскиот репрезентативен центар прв пат играше во дресот на литванскиот прволигаш, пренесува официјалниот веб сајт на Македонската кошаркарска федерација.

Самарџиски одигра солидна средба и заврши со девет постигнати поени, а натпреварот е во рамки на подготовките за квалификациите за Евролигата. Литвос Ритас славеше во „Сименс“ арената во Вилнус со 70-61.

 

Џанпјеро Гасперини не знае зошто Интер воопшто го вработил, ако веќе не верувале во неговиот стил на играње фудбал.

Тој во клубот мина само три месеци, и на пет официјални натпревари освои само бод.

''Претседателот Морати е посебен човек. Исто е и со играчит. Весли Снајдер излезе и ми рече 'довидување', а ќе остане измеѓу нас уште што друго ми додаде. тоа навистина не е ништо неубаво.'' -открил Гасперини.

 

Американскиот весник "Ју-Ес-Еј Тудеј" прогнозира дека Македонија нема да освои никаков медал на Олимписките игри во Лондон. Американскиот дневен весник направил детална анализа и на основа на резултатите и формата на спортистите во 2011 година направил виртуелна табела на медали, која се ажурира секој месец.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.