Спорт

За најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, освен екипата на Јувентус, серозен интерес покажува и англиски Тотенхем. Ако може да им с еверува на најавите на тиражниот италијански дневен весник „Газета дело Спорт", тимот од Лондон е еден од најзагреаните европски тимови за потписот на нашиот репрезентативен голгетер.

Менаџерот на Манчестер Ј., Алекс Фергусон, му даде ултиматум на напаѓачот на клубот, Карлос Тевез. Цената која ја бара агентот на фудбалерот, Која Јоробчан за него изнесува 25 милиони фунти, но според Ферги оваа сума не само што не е реално, туку е пренабиена.

Тренерот на италијанскиот тим Милан, Карло Анчелоти, потврдил дека ја прифаќа понудата на Челзи за да застане на кормилото на лондонскиот тим. Се очекува неговото назначување да се реализира уште во текот на оваа недела, откако тој веќе му кажал „да" на сопственикот на лондонскиот тим, Роман Абрамович.

Англискиот премиерлигаш Виган, сензационално ќе се откаже од напаѓачот Амр Заки, кој во добар дел од оваа сезона беше најдобар фудбалер на тимот. Египетскиот репрезентативец настапува како позајмен играч во Виган, но нема да добие продолжување на периодот на позајмица, ниту пак Виган ќе се обиде да го купи.„Не сметаме на Заки за следната сезона.

Катар и официјално објави дека ќе биде еден од главните кандидати за организација на светското фудбалско првенство во 2022 година. Шеикот Мохамед бин Хамад бин Халифа, кој е претседател на нациолната фудбалска федерација, вчера објави дека имаат проект кој ќе го стави Катар на врвот на кандидатите за домаќин на шампионатот по 13 години.

Вечерва ќе се одигра и последниот натпревар за затварање на 37.коло во англиската Премиерлига. Од 21:00, Портсмут ќе го пречека тимот на Сандерленд. Портсмут веќе обезбеди опстанок, а за и Сандерленд да го направи истото, потребен му е бод од овој дуел.

Во пресрет на саботниот натпревар Македонија - Норвешка норвешките медиуми на широко ја информираат јавноста за Македонија, Македонскиот фудбал. Доста Норвежани знаат и низа Македонски играчи, а посебно се разбира Пандев.

Напаѓачот на колумбискиот фудбалски прволигаш Баранкиља, Хавер Флорез, вчера убил навивач кој му забележил за губењето на титулата национален шампион.

Битолчанецот Наум Љамчески е новиот тренер на второлигашот ФК Охрид. Љамчески, кој во Охрид доаѓа од албанска Билишта, во својата кариера ги водел екипите на Пелистер, Вардар, Напредок, Милано, а со струшки Караорман стигна до полуфиналето на купот.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.