Заврши меморијалниот турнир во Лескоец

Објавено во Спорт Петок, 19 Јуни 2015 09:51

Финалето од меморијалниот турнир кој се одржува во чест починатите фудбалери од Лескоец, Љупчо Цветаноски – Шенгелија и Јордан Башукоски – Пипер, се одигра синоќа на спортското игралиште во селото Лескоец.

Првото место на турнирот го освои екипата на АСП – ПАК, која во финалето ја победи екипата на Кадмо Бар со 5:2. На трите прво рангирани екипи им беа доделени медали и пехари и соодветни парични средства. Градоначалникот Никола Бакрачески кој присуствуваше на финалето од турнирот, на победниците им го врачи пехарот и медалите.
Оваа година општина Охрид турнирот го поддржа финансиски и материјално.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.