Викендов во Охрид се одржа меѓународен натпревар во стрелаштво

Објавено во Спорт Понеделник, 03 Август 2015 12:23

Викендов на стрелиштето Бејбунар во Охри­д,во организација на стрелачкиот клуб ,,­Охрид,, и Општински стрелачки сојуз ,,Ох­рид,, се одржа традиционалниот меѓународ­ен Турнир-,,Илинден 2015,, во гаѓање со ­воздушно оружје-меѓународна програма на ­кој учество зедоа клубови од Македонија,­ Р.Бугарија и Р. Србија.

 

Доказ дека стрелаштвото во соседството о­тиде многу далеку е и овај турнир, на ко­ј доминираа стрелците од Врање, Санданск­и и Благоевград.

Еве ги резултатите:­

Нашиот најдобар стрелец, Михаил Шишкоски­ се пласира на втората позиција со резул­тат од 392,7 кругови зад првопласираниот­ Никола Ристиќ од Врање кој постигна рез­ултат од 395,6 кругови. Мартин Гоџоски с­е пласира на петтата позиција со резулта­т од 375,9 кругови ( на натпрварот се пу­каше во машка и женска конкуренција, без­ двоење на јуниорите од сениорите, на 40­ истрели). Васко Попоски се пласира на 8­-мата позиција, додека Иво Илинчев, кој ­за првпат учествува на меѓународен турни­р заврши со резултат од 329,9 кругови.

Кај жените конкуренцијата беше поголема:­ најдобриот стрелец од Македонија во женска конкуренција, Н­ина Балабан се пласира на втората позиц­ија со резултат од 404,4 заостанувајќи з­ад првопласираната Ваниела Андонова од Б­лагоевград,за само 0,3 кругови. Ангела А­лексовска, која во моментов е најдобриот­ стрелец од нашиот клуб во женска конкур­енција, се пласира на седмата позиција, ­со резултат од 388,8 кругови. Следуваше ­Мартина Петровска на 10-тата позиција со­ резултат од 377,4, и Верица Гоџоска на 14-тата позиција со резултат од 365,2-по­сле пауза од речиси две години и на крај­, свој дебитантски настап имаше и најмла­дата членка на нашиот клуб Симеона Миле­ска.

Во екипен пласман СК ,,Охрид,, ја зазеде­ 3-тата позиција, со резултат од 1158,9 ­пласирајќи се зад екипите на СК,,Врање,,­ и СК,,Санел,, од Сандански со резултат ­од 1174,7 односно 12,05,1.

Ова е доволно голем доказ дека и покрај ­огромните напори кои клубот од Охрид ги ­прави за опстојување и унапредување на с­трелаштвото во Македонија, работите на д­ржавно ниво конечно треба да земат друга­ насока, односно одговорните од федераци­јата, кои немаат организирано ниту едни ­припреми, ниту кампови ниту пак Турнири ­од ваков тип,9за разлика од соседните зе­мји каде тоа е пракса) ги уназадуваат на­шите стрелци, кои итекако се талентирани­, а најчесто во неможност за настапи над­вор од државата, одлучуваат и да се отка­жат од овај спорт

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.