Попович е новиот селектор на американскиот дрим-тим

Објавено во Спорт Сабота, 24 Октомври 2015 08:57

 

Грег Попович е изборот за нов селектор на американскиот кошаркарски дрим-тим. Актуелниот стратег на Сан Антонио оваа функција ќе почне да ја извршува од 2017 година, откако актуелниот селектор Мајк Кжижевски најави дека ОИ во Рио во 2016 ќе бидат негово последно големо натпреварување на чело на најдобрата светска кошаркарска репрезентација.

 

 

„Огромна чест и задоволство ми е што ќе ја водам нашата земја. Моите претходници донесоа импресивни промени во последните десет години, јас ќе дадат се од себе за да ги задржам високите стандарди“ – изјави Попович.

 

Тој ќе ја води селекцијата на САД на СП 2018 во Кина, како и на Олимписките Игри во Јапонија во 2020 година.

 

Сегашниот селектор на САД, Мајк Кжижевски, на досегашните 76 средби со националниот тим забележа 75 победи и само еден пораз.

 

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.