Охридските веслачи на промотивна трка на Козјак

Објавено во Спорт Петок, 29 Август 2014 13:43

По одржаното Државно првенство на Дебарското езеро  на 24.08.2014 год. каде штово 13 трки освоија 10 први места односно златни медаљи Охридските веслачи пред нови предизвици.

 

НОВИТЕ МАКЕДОНСКИ ШАМПИОНИ ВО ВЕСЛАЊЕ: Климент Трајчески,Ана Димоска,Никола Аџиоски,Ристо Малезан Радически,Исабела Димоска,Михаил Тасески, Никола Петрески,Александра Ивановска и Анастазија Паскали оваа сабота ќе имаат промотивна трка  во  водите на  Езерото Козјак  за време на одржувањето на пливачкиот Маратон Козјак 2014. Треба  да се нагласи  дека Државното првенство беше изборно за Состав на Македонската Веслачка Репрезентација  која ке земе учество  на престојното Балканско Првенство во Веслање кое ке се одржи во Вишеград , Босна и Херцеговина на  6 и 7 Септемри 2014 год.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.