Охрид интересен за спортски екипи од регионот

Објавено во Спорт Четврток, 04 Февруари 2016 10:16

Со фудбалскиот натпревар помеѓу српските екипи на ФК Радник од Лучане и ФК Младост од Сурдулица започнаат подготвителните фудбалски натпревари на Спортско рекреативниот центар Билјанини Извори.

Во наредниот период Охрид и СРЦ Билјанини Извори ќе се домаќини на уште 7 фудбалски екипи од кои 3 се од нашиот сосед Србија ( ФК Спартак Суботица, ФК Јавор Ивањица и ФК Борац Чачак ) и 4 од нашата држава и тоа ФК Ренова, ФК Металург, ФК Шкупи и ФК Тетекс.Од година во година Охрид и СРЦ Билјанини Извори постанува центар за подготвување на фудбалските екипи како од Македонија така и од соседството. Инвестициите во фудбалската инфраструктура после многу години се покажуваат како вистинско решение за идниот развој на ЈП Билјанини Извори и спортскиот туризам.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.