Спортhttp://mxradio.com.mk Thu, 29 Jun 2017 05:56:11 +0200Joomla! - Open Source Content Managementmk-mkОхрид интересен за спортски екипи од регионотhttp://mxradio.com.mk/mx/sport/okhrid-interesen-za-sportski-ekipi-od-regionot http://mxradio.com.mk/mx/sport/okhrid-interesen-za-sportski-ekipi-od-regionotОхрид интересен за спортски екипи од регионот

Со фудбалскиот натпревар помеѓу српските екипи на ФК Радник од Лучане и ФК Младост од Сурдулица започнаат подготвителните фудбалски натпревари на Спортско рекреативниот центар Билјанини Извори.

Во наредниот период Охрид и СРЦ Билјанини Извори ќе се домаќини на уште 7 фудбалски екипи од кои 3 се од нашиот сосед Србија ( ФК Спартак Суботица, ФК Јавор Ивањица и ФК Борац Чачак ) и 4 од нашата држава и тоа ФК Ренова, ФК Металург, ФК Шкупи и ФК Тетекс.Од година во година Охрид и СРЦ Билјанини Извори постанува центар за подготвување на фудбалските екипи како од Македонија така и од соседството. Инвестициите во фудбалската инфраструктура после многу години се покажуваат како вистинско решение за идниот развој на ЈП Билјанини Извори и спортскиот туризам.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)СпортThu, 04 Feb 2016 10:16:59 +0100
Антиќ втор стрелец во изненадувачкиот пораз на Фенербахчеhttp://mxradio.com.mk/mx/sport/anti-vtor-streletc-vo-iznenaduvachkiot-poraz-na-fenerbakhche http://mxradio.com.mk/mx/sport/anti-vtor-streletc-vo-iznenaduvachkiot-poraz-na-fenerbakhcheАнтиќ втор стрелец во изненадувачкиот пораз на Фенербахче

 

Поранешниот македонски репрезентативец, Перо Антиќ одигра добра партија за неговиот Фенербахче кој неочекувано загуби на гостувањето во Франција кај Стразбур со 91:70 во рамките на второто коло на Евролигата.


Двете екипи добија по две четвртини со таа разлика што домаќините беа многу поубедливи во вториот (28:17) и четвртиот период (26:12) од играта. Гостите беа големи фаворити пред стартот, но не успеаја да ги оправдаат очекувањата, бидејќи со исклучок на Антиќ (11 поени (6/7 за еден, 1/2 за два, 1/2 за три), 3 скока ) и Богдановиќ (12 поени) немаа расположени играчи.
На спротивната страна листата од пет играчи со двоцифрен ефект ја предводеше Вимс со 22 поени. Во следното 3. коло Фенербахче ќе го пречека европскиот шампион Реал Мадрид.

 

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)СпортSat, 24 Oct 2015 09:04:40 +0200
Јаневски го потопи Генкhttp://mxradio.com.mk/mx/sport/anevski-go-potopi-genk http://mxradio.com.mk/mx/sport/anevski-go-potopi-genkЈаневски го потопи Генк

 

Поранешниот македонски селектор, Чедомир Јаневски со неговиот Мускрон успеа да го прегази Генк на гостински терен со 4:0 во рамките на 12. коло на белгискиот шампионат.


Иако тимот на нашиот Чеде беше аутсајдер пред почетокот на средбата, така не беше и на теренот. Мареко и Бадри стрелаа во првиот дел, додека во судиското продолжение на второто полувреме погодија Вакаро и Мохамед.
Ова за составот на Јаневски е трета победа во првенството (вкупно 13 бода) со која барем привремено се искачи на 11 позиција на табелата.

 

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)СпортSat, 24 Oct 2015 09:02:28 +0200
Попович е новиот селектор на американскиот дрим-тимhttp://mxradio.com.mk/mx/sport/popovich-e-noviot-selektor-na-amerikanskiot-drim-tim http://mxradio.com.mk/mx/sport/popovich-e-noviot-selektor-na-amerikanskiot-drim-timПопович е новиот селектор на американскиот дрим-тим

 

Грег Попович е изборот за нов селектор на американскиот кошаркарски дрим-тим. Актуелниот стратег на Сан Антонио оваа функција ќе почне да ја извршува од 2017 година, откако актуелниот селектор Мајк Кжижевски најави дека ОИ во Рио во 2016 ќе бидат негово последно големо натпреварување на чело на најдобрата светска кошаркарска репрезентација.

 

 

„Огромна чест и задоволство ми е што ќе ја водам нашата земја. Моите претходници донесоа импресивни промени во последните десет години, јас ќе дадат се од себе за да ги задржам високите стандарди“ – изјави Попович.

 

Тој ќе ја води селекцијата на САД на СП 2018 во Кина, како и на Олимписките Игри во Јапонија во 2020 година.

 

Сегашниот селектор на САД, Мајк Кжижевски, на досегашните 76 средби со националниот тим забележа 75 победи и само еден пораз.

 

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)СпортSat, 24 Oct 2015 08:57:55 +0200
Одржан и третиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма во Штипhttp://mxradio.com.mk/mx/sport/odrzhan-i-tretiot-po-red-kup-vo-ga-a-e-so-vozdushno-oruzh-e-me-unarodna-programa-vo-shtip http://mxradio.com.mk/mx/sport/odrzhan-i-tretiot-po-red-kup-vo-ga-a-e-so-vozdushno-oruzh-e-me-unarodna-programa-vo-shtipОдржан и третиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма во Штип

СК ,,Охрид,, настапи со шест свои стрелци, во јуниорска категорија и еден во сениорска, а резултатите се следни:
Наша најуспешно пласирана јуниорка е младата Мартина Петровска, која за релативно брзо време почна да постигнува солидни резултати, па така таа со резултат од 368 кругови  заврши на втората позиција, зад Ана Иваноска од РЕК ,,Битола,,

Веднаш зад неа, нејзината клупска другарка, Ангела Алексовска, се пласира на третата позиција, со еднаков резултат но послаба последна серија. И на третата позиција повторно стрелец од нашиот клуб, Јана Маркоска, која заостана зад нив за само еден круг, а беше подобра од Емилија Пеева, на последна серија при идентичен резултат од 367 кругови.
Кај јуниорите останува дилема за пласманот. Имено нашиот тренер поднесе Приговор во врска со нерегуларност која е спротивна на пропишаните технички правила и прописи од страна на МССФ. Стрелец од Рек ,,Битола,, по завршување на неговиот настап и после завршување на  две други  партии,  откако е утврдено дека му недостига цела една серија, судиите му дозволија да испука серија од 10 дијаболи, иако претходно нашиот тренер им посочил дека согласно Правилата натпреварот за стрелецот е завршен и дека стрелецот бил должен да ги провери своите мети пред почетокот на натпреварот  и  истото да го пријави кај судиите. Во пракса од страна на МССФ досега не е одговорено на ниту еден наш Приговор, па така и сега не очекуваме некаков позитивен одговор. Во принцип федерацијата си продолжува  со лошата пракса на грубо кршење на правилата кои сама ги пропишала. Неспорен е фактот дека стрелецот од РЕК ,,Битола,, е најуспешниот јуниор во моментов во државава, но правилата се правила за сите и мора да се почитуваат.
Нашите јуниори Васко Попоски и Мартин Гоџоски постигнаа резултати далеку под своите можности, но ако се уважи Приговорот тие ќе бидат второ и третопласирани.
Единствен претставник во сениорска категорија-жени, беше нашиот стрелец Верица Гоџоска, која по подолга пауза се враќа  на огнената линија во Куповите, постигнувајќи резултат од 351 круг.
Уште еден доказ дека работите во федерацијата се катастрофално лоши е и фактот што и на овај натпревар резултатите се оценуваа на цели кругови, а не на децимали согласно новите правила на ИССФ, поради неисправност на апаратот за оценуванње, а кој и по повеќе од половина година не е ставен во функција. Но, ние нема да потклекнеме на неправдите кои ни се нанесуваат веќе подолг период, така да за наредниот Куп кој е за неполн месец во Битола, планираме да ги промовираме и нашите најмлади јуниори-ки, кои веќе започнаа со тренинзи.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)СпортMon, 19 Oct 2015 17:01:40 +0200
За прв пат 11км кајакарско-веслачки маратон од Струга до Охридhttp://mxradio.com.mk/mx/sport/za-prv-pat-11km-ka-akarsko-veslachki-maraton-od-struga-do-okhrid http://mxradio.com.mk/mx/sport/za-prv-pat-11km-ka-akarsko-veslachki-maraton-od-struga-do-okhridЗа прв пат 11км кајакарско-веслачки маратон од Струга до Охрид

На предлог од двајца спортски ентузијасти од Струга и Охрид  , Кајак – Кану Клубот ,, Дрим ,, од Струга заедно со Меѓународната организација на пловни спортски клубови ,, НСС ,, на 19.09.2015 година во водите на Охридското езеро го организира  Првиот Кајакарско Веслачки  Маратон ,, Струга – Охрид  ,, во должина од  11 км.


Стартот е предвиден  за 19 .09 .2015 год. од пристаништето пред  Хотел Дрим Струга  во 8 часот а целта е во Охрид  кај  Црквата  Св.Јован Канео пред  летна Бавча Канео .
Право на учество имаат сите спортисти од Кајак - Кану и Веслачките Клубови во Македонија и странство и сите заинтересирани поединци кој имаат сопствено пловило и се со беспрекорна здравствена состојба . Ке се весла само во две категории Машки и Женски без старосни ограничувања .
Организаторот за учесниците има обезбедено маици со стартен број , оброк и пијалок , а за победниците и медали , додека за сите кои ке стигнат на целта  дипломи за учество. Целата патека ке биде покриена со медицинска екипа.
Сите заинтересирани  треба да се пријават најдоцна до 14 .09 кај организаторот со наведување на врста на пловило  Име  и Презиме а пожелно е и матичен број . Организаторот има право за евентуални измени за датумот и часот на страртот во случај на неповолни временски услови  и е должен  благовремено да ги обавести сите учесници . Од тие причини во пријавата треба да има и контакт телефон или Е-маил адреса.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)СпортWed, 02 Sep 2015 23:33:01 +0200
Викендов во Охрид се одржа меѓународен натпревар во стрелаштвоhttp://mxradio.com.mk/mx/sport/vikendov-vo-okhrid-se-odrzha-me-unaroden-natprevar-vo-strelashtvo http://mxradio.com.mk/mx/sport/vikendov-vo-okhrid-se-odrzha-me-unaroden-natprevar-vo-strelashtvoВикендов во Охрид се одржа меѓународен натпревар во стрелаштво

Викендов на стрелиштето Бејбунар во Охри­д,во организација на стрелачкиот клуб ,,­Охрид,, и Општински стрелачки сојуз ,,Ох­рид,, се одржа традиционалниот меѓународ­ен Турнир-,,Илинден 2015,, во гаѓање со ­воздушно оружје-меѓународна програма на ­кој учество зедоа клубови од Македонија,­ Р.Бугарија и Р. Србија.

 

Доказ дека стрелаштвото во соседството о­тиде многу далеку е и овај турнир, на ко­ј доминираа стрелците од Врање, Санданск­и и Благоевград.

Еве ги резултатите:­

Нашиот најдобар стрелец, Михаил Шишкоски­ се пласира на втората позиција со резул­тат од 392,7 кругови зад првопласираниот­ Никола Ристиќ од Врање кој постигна рез­ултат од 395,6 кругови. Мартин Гоџоски с­е пласира на петтата позиција со резулта­т од 375,9 кругови ( на натпрварот се пу­каше во машка и женска конкуренција, без­ двоење на јуниорите од сениорите, на 40­ истрели). Васко Попоски се пласира на 8­-мата позиција, додека Иво Илинчев, кој ­за првпат учествува на меѓународен турни­р заврши со резултат од 329,9 кругови.

Кај жените конкуренцијата беше поголема:­ најдобриот стрелец од Македонија во женска конкуренција, Н­ина Балабан се пласира на втората позиц­ија со резултат од 404,4 заостанувајќи з­ад првопласираната Ваниела Андонова од Б­лагоевград,за само 0,3 кругови. Ангела А­лексовска, која во моментов е најдобриот­ стрелец од нашиот клуб во женска конкур­енција, се пласира на седмата позиција, ­со резултат од 388,8 кругови. Следуваше ­Мартина Петровска на 10-тата позиција со­ резултат од 377,4, и Верица Гоџоска на 14-тата позиција со резултат од 365,2-по­сле пауза од речиси две години и на крај­, свој дебитантски настап имаше и најмла­дата членка на нашиот клуб Симеона Миле­ска.

Во екипен пласман СК ,,Охрид,, ја зазеде­ 3-тата позиција, со резултат од 1158,9 ­пласирајќи се зад екипите на СК,,Врање,,­ и СК,,Санел,, од Сандански со резултат ­од 1174,7 односно 12,05,1.

Ова е доволно голем доказ дека и покрај ­огромните напори кои клубот од Охрид ги ­прави за опстојување и унапредување на с­трелаштвото во Македонија, работите на д­ржавно ниво конечно треба да земат друга­ насока, односно одговорните од федераци­јата, кои немаат организирано ниту едни ­припреми, ниту кампови ниту пак Турнири ­од ваков тип,9за разлика од соседните зе­мји каде тоа е пракса) ги уназадуваат на­шите стрелци, кои итекако се талентирани­, а најчесто во неможност за настапи над­вор од државата, одлучуваат и да се отка­жат од овај спорт

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)СпортMon, 03 Aug 2015 12:23:53 +0200
Заврши меморијалниот турнир во Лескоецhttp://mxradio.com.mk/mx/sport/zavrshi-memori-alniot-turnir-vo-leskoetc http://mxradio.com.mk/mx/sport/zavrshi-memori-alniot-turnir-vo-leskoetcЗаврши меморијалниот турнир во Лескоец

Финалето од меморијалниот турнир кој се одржува во чест починатите фудбалери од Лескоец, Љупчо Цветаноски – Шенгелија и Јордан Башукоски – Пипер, се одигра синоќа на спортското игралиште во селото Лескоец.

Првото место на турнирот го освои екипата на АСП – ПАК, која во финалето ја победи екипата на Кадмо Бар со 5:2. На трите прво рангирани екипи им беа доделени медали и пехари и соодветни парични средства. Градоначалникот Никола Бакрачески кој присуствуваше на финалето од турнирот, на победниците им го врачи пехарот и медалите.
Оваа година општина Охрид турнирот го поддржа финансиски и материјално.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)СпортFri, 19 Jun 2015 09:51:46 +0200
Охридските веслачи на промотивна трка на Козјакhttp://mxradio.com.mk/mx/sport/okhridskite-veslachi-na-promotivna-trka-na-koz-ak http://mxradio.com.mk/mx/sport/okhridskite-veslachi-na-promotivna-trka-na-koz-akОхридските веслачи на промотивна трка на Козјак

По одржаното Државно првенство на Дебарското езеро  на 24.08.2014 год. каде штово 13 трки освоија 10 први места односно златни медаљи Охридските веслачи пред нови предизвици.

 

НОВИТЕ МАКЕДОНСКИ ШАМПИОНИ ВО ВЕСЛАЊЕ: Климент Трајчески,Ана Димоска,Никола Аџиоски,Ристо Малезан Радически,Исабела Димоска,Михаил Тасески, Никола Петрески,Александра Ивановска и Анастазија Паскали оваа сабота ќе имаат промотивна трка  во  водите на  Езерото Козјак  за време на одржувањето на пливачкиот Маратон Козјак 2014. Треба  да се нагласи  дека Државното првенство беше изборно за Состав на Македонската Веслачка Репрезентација  која ке земе учество  на престојното Балканско Првенство во Веслање кое ке се одржи во Вишеград , Босна и Херцеговина на  6 и 7 Септемри 2014 год.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)СпортFri, 29 Aug 2014 13:43:01 +0200
Балабан и Јовановски ќе бидат дел од тимот на Летните младински олимписки игри во Кинаhttp://mxradio.com.mk/mx/vesti/okhrid/balaban-i-ovanovski-e-bidat-del-od-timot-na-letnite-mladinski-olimpiski-igri-vo-kina http://mxradio.com.mk/mx/vesti/okhrid/balaban-i-ovanovski-e-bidat-del-od-timot-na-letnite-mladinski-olimpiski-igri-vo-kinaБалабан и Јовановски ќе бидат дел од тимот на Летните младински олимписки игри во Кина

Јован Јованоски и Нина Балабан  ќе бидат дел од тимот кој ќе ја претставуваат Македонија на вторите Летни младински олимписки игри, кои од 16 до 28 август годинава ќе се одржат во кинескиот град Нанџинг.

„Ова ќе биде круна на мојата успешна младинска кариера. Имам учествувано на многу натпревари, имам освојувано многу медали, но сонот на секој спортист е да го носи националниот дрес на едни Олимписки игри. За таму имам големи очекувања. Ќе дадам се од себе. Иако велосипедизмот е индивидуален спорт јас со Петровски ќе се натпреваруваме заедно. Пласманот наш ќе зависи од нас двајцата“, истакна Јован Јованоски, на кого ова на некој начин ќе му биде круна на неговата кариера .
„Бидејќи јас сум родена два месеци пред 01.01.1996 год. не можам да настапувам како спортист односно такмичар во мојот спорт, но имам чест да ја преставувам мојата земја како амбасадор на Меѓународниот Олимписки Комитет каде што оваа година Македонија за прв пат доби амбасадор на Младинските Олимписки Игри и посебна чест ми е што јас сум првиот  амбасадор на Меѓународниот Олимписки Комитет од Македонија.
Од страна на Меѓународниот Олимписки Комитет (ИОЦ), со седиште во Лозана, именувана сум  за млад амбасадор на ЅОГ (Младински Олимписки Игри)  за да ја претставувам Р.Македонија на вторите летни олимписки игри на млади кои што ќе се одржат во Нанџинг, Кина 2014год“, истакна Нина Балабан.
Олимписката делегација која ќе ја претставува Македонија ја сочинуват:
- Јован Јованоски и Андреј Петровски (велосипедизам - екипно) - со официјално лице во придружба Сашко Ванчевски.
- Ана Ивановска (спортско стрелаштво 10м. воздушна пушка) - со официјално лице во придружба Иванчо Ивановски
- Стефан Јанкуловски (пливање- 200 м и 400 м) - со официјално лице во придружба Боро Блажевски
- Елмедин Сејфулау (борење - слободен стил) - со официјално лице во придружба Седат Бафтија
Шеф на мисијата (официјално име за Водичот на Олимписката делегација на МОК) ќе биде Владимир Богоевски, спортски директор на МОК.
Олимпијадата ќе се одржи во периодот 16-28 Август 2014 година во Нанџинг (Н.Р. Кина), ќе се одржат вторите Младински олимписки игри, на кои ќе настапат најдобрите млади спортисти од целиот  околу 3.600 спортисти од над 200 земји од светот, кои ќе се натпреваруваат во 28 спорта и во 220 дисциплини. 

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)СпортThu, 07 Aug 2014 19:08:38 +0200