Антиќ втор стрелец во изненадувачкиот пораз на Фенербахче

Објавено во Спорт Сабота, 24 Октомври 2015 09:04

 

Поранешниот македонски репрезентативец, Перо Антиќ одигра добра партија за неговиот Фенербахче кој неочекувано загуби на гостувањето во Франција кај Стразбур со 91:70 во рамките на второто коло на Евролигата.


Двете екипи добија по две четвртини со таа разлика што домаќините беа многу поубедливи во вториот (28:17) и четвртиот период (26:12) од играта. Гостите беа големи фаворити пред стартот, но не успеаја да ги оправдаат очекувањата, бидејќи со исклучок на Антиќ (11 поени (6/7 за еден, 1/2 за два, 1/2 за три), 3 скока ) и Богдановиќ (12 поени) немаа расположени играчи.
На спротивната страна листата од пет играчи со двоцифрен ефект ја предводеше Вимс со 22 поени. Во следното 3. коло Фенербахче ќе го пречека европскиот шампион Реал Мадрид.

 

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.