Јаневски го потопи Генк

Објавено во Спорт Сабота, 24 Октомври 2015 09:02

 

Поранешниот македонски селектор, Чедомир Јаневски со неговиот Мускрон успеа да го прегази Генк на гостински терен со 4:0 во рамките на 12. коло на белгискиот шампионат.


Иако тимот на нашиот Чеде беше аутсајдер пред почетокот на средбата, така не беше и на теренот. Мареко и Бадри стрелаа во првиот дел, додека во судиското продолжение на второто полувреме погодија Вакаро и Мохамед.
Ова за составот на Јаневски е трета победа во првенството (вкупно 13 бода) со која барем привремено се искачи на 11 позиција на табелата.

 

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.