35 ГОДИНИ ОД ОХРИДСКИОТ ФУДБАЛ ЗА ВО ГИНИСОВА КНИГА НА РЕКОРДИ + ФОТО ГАЛЕРИЈА

Објавено во Спорт Вторник, 24 Јуни 2014 10:45

 

На 24.06. 1979 година, се одиграа натпреварите од 30тото коло на ОФС Охрид, а на два натпревари, во Велгошти и во Долно Лакочереј се постигнаја следните резултати:

 

ФК „ИЛИНДЕН“ 1903 од Велгошти и ФК „МЛАДОСТ“ од Вапила 134 :1 (11 : 0)

 

ФК „Градинар“ од Д. Лакочереј и ФК „Дебрца“ од Белчишта 0 : 88 (0 : 14)

 

Со завршувањето на 29тото коло ФК „ДЕБРЦА“ од Белчишта беше на првото место со гол разлика 95 : 36 а имаше 52 бодови. На второто место беше ФК „ИЛИНДЕН“ 1903 од Велгошти со гол разлика од 82 : 24 со исто така 52 бодови како и ФК „ДЕБРЦА“. Истиот број на бодови доведе да на овие 2 натпревари се постигнат што повејќе голови.

 

Со постигнатите голови во 30тото коло ФК „ИЛИНДЕН“’ 1903 имаше гол разлика од 216 : 25 и 54 бодови, а ФК „ДЕБРЦА“ 183 : 36 и 54 бодови. Во нормални услови реално ќе беше да ФК „ИЛИНДЕН“ 1903 го победи на ФК „МЛАДОСТ“ со разлика од неколку голови, а додека кај ФК „ГРАДИНАР“ и ФК „ДЕБРЦА“ резултатот ќе беше неизвесен. Во истото коло на фудбалскиот стадион „ГРАШНИЦА“ играа ФК „РИБАР“ од Трпејца и ФК „СЛАВЕЈ“ од Мешеишта со резултат 0 : 1.

 

Управниот Одбор на ОФС Охрид ги поништи резултатите, екипите беа казнети а екипата на ФК „СЛАВЕЈ“ од Мешеишта како трето пласирана е прогласена за првопласирана екипа на општинската фудбалска лига и играше во квалификациите за третата лига и успешно се квалификува.

 

 

Најмногу голови постигнаја:

 

Во Велгошти: Наум Шапкароски – Џими, 46голови (слика број 1)

 

Во Д. Лакочереј: Злате Сиљаноски, 20 голови (слика број 2)

 

Единствениот гол во Велгошти за гостите го постигна Крсте Николоски (слика број 3)

 

Судиска тројка во Велгошти:

 

  1. Кузманоски Митко (слика број 4)

  2. Тасески Ристе

  3. Аднан Јусуф

 

Делегат: Крстаноски Миладин (слика број 5)

 

Судиска тројка во Д. Лакочереј:

 

  1. Ристески Андреа (слика број 6)

  2. Китески Радован

  3. Андреески Чедо

 

Делегат: Живко Живковиќ (слика број 7)

 

За жал или за среќа овие резултати не беа признати од ГИНИС, но секако дека предизвикаа голем интерес и останаа во сеќавање.

 

 

 

Текст и Слики: Димче Стојкоски Лепиот

Фото галерија:

 

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.