Најатрактивни дестинацииhttp://mxradio.com.mk Mon, 16 Oct 2017 23:49:41 +0200Joomla! - Open Source Content Managementmk-mkНајатрактивна дестинација Кубаhttp://mxradio.com.mk/mx/nasha-preporaka/na-atraktivni-destinatcii/na-atraktivna-destinatci-a-kuba http://mxradio.com.mk/mx/nasha-preporaka/na-atraktivni-destinatcii/na-atraktivna-destinatci-a-kubaКуба ,моментално е најатрактивната светска дестинација за туристи со префинет вкус.Куба е островска држава на Средна Америка на Карипско море на околу 140км. Од Мексичкиот залив односно 180км од Флорида.Куба има суптропска клима и околу 330 сончеви денови во годината,што ви претстои одлично летување.
Варадеро,е најексклузивното летувалиште на Куба,се наоѓа на северната страна на архипелагот и е оддалечено од Хавана некаде околу 160км..Прекрасна плажа со должина од 28км.,бел песок,луксузни хотели,преку 100 дискотекии,барови,ноќни клубови и микро клима со температури околу 27степен.
]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)Најатрактивни дестинацииMon, 23 Feb 2009 19:34:31 +0100
Рио де Женеиро еден од најубавите градови во светотhttp://mxradio.com.mk/mx/nasha-preporaka/na-atraktivni-destinatcii/rio-de-zheneiro-eden-od-na-ubavite-gradovi-vo-svetot http://mxradio.com.mk/mx/nasha-preporaka/na-atraktivni-destinatcii/rio-de-zheneiro-eden-od-na-ubavite-gradovi-vo-svetotБуенос Аирес е основан 1580година на брегот Рио де ла Плата и именован е по заштитникот на морнарите добар ветар – Буено аире.Некаде 300 години бил неразвиена колонија,а од 1862година започнува развојот но во 1880година станува главен град на Аргентина.Портењос,како што го нарекуваат,го граделе италијански,француски,шпански емигранти ,така да, кога ќе сте таму, во некои моменти се осеќате дека сте во Париз,Рим или Мадрид.

 

Рио де Женеиро,своето име го добил по датумот(1.јануари 1502)датум кога го откриле Португалските истражувачи.Рио е главен град на сојузната држава Гуанабара  а главен град на Бразил бил од 1763 – 1960година.Има преку 6 милиони жители ,а околу градот 12 милиони жители.По големина е втор град во Бразил,веднаш после Сао Паоло.Според многумина ,Рио е меѓу најубавите градови во светот.Иако не поседува и неможе да се пофали со многубројни културни и историски споменици ,познат е по спектакуларната природа,опкружување,плажи,карневал.Но сепак најпозната атракција е статуата на Исус Христос Спасител на ридот Корковадо.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)Најатрактивни дестинацииMon, 23 Feb 2009 19:43:17 +0100
Св.Наум Ohridhttp://mxradio.com.mk/mx/nasha-preporaka/na-atraktivni-destinatcii/sv-naum-ohrid http://mxradio.com.mk/mx/nasha-preporaka/na-atraktivni-destinatcii/sv-naum-ohrid

sv naumЗа животот и дејноста на св. Наум Охридски постојат оскудни податоци. Иако животниот пат на светите Климент и Наум Охридски во одредени периоди течат речиси идентично, св. Наум е во сенка во однос на св. Климент.

Изворите од кои се црпат податоци за него се: двете словенски житија, грчкото житие, Панонските легенди и Пространото Климентово житие. Овие расположиви извори овозможуваат реконструирање на неговата животна врвица како просветител, духовник и мисионер „Светиот и голем отец Наум излезе од Мизија. По воспитанието што го доби од благородните [родители], просуди дека благородството и богатствата се плевел и се присоедини кон Константин Филсософот и неговиот брат Методиј, кои се рамни на апостолите.”

Преподобен Наум Охридски бил еден од најблиските ученици и соподвижници на светите рамноапостолни Кирил и Методиј (спомен на 11/24 мај). Од својата младост тој ги следел учителите во Великоморавија и Панонија, каде што во текот на многу години (863-885) подвижнички живот им го проповедал Божјото слово на словенските народи на нивниот роден јазик. Преподобен Наум ги обучувал словените во писменоста, ги распространувал богослужебните книги, кои рамноапостолните браќа ги превеле од старогрчки јазик на словенски. Во 868 г. во Рим, папата Адриан II (867-872) го ракоположил преподобниот за ѓакон, а потоа тој го примил и чинот презвитер. Папата Адриан II го признал како богоугодно делото на Словенските учители, ги осветил словенските книги и благословил да се служи литургија на словенски јазик.

Најтешки искушенија поднеле свети Наум и другите ученици на свети Методиј по преставувањето на свети Методиј во 885 г., кога епископ Моравски станал дамнешниот непријател на словенската просвета – германот Вихинг. Проповедниците биле фрлени во темница, приковани во окови, подложени на мачење. По нивните молитви Господ јавил чудо: настанал земјотрес, ѕидовите на затворот паднале, оковите се скинале. Народот, кога го видел тоа, поверувал во светоста на затворениците, но Вихинг го прогласил Божјиот знак за ѓаволско дејство и го прогонил свети Наум со неговите соподвижници од Великоморавија.

Светите проповедници, движени од Божјата Промисла, творејќи многу чуда, стигнале до Дунав. Таму тие се разделиле на групи. Некои од нив тргнале кон Мизија, други во Дакија и Илирија, „Божјото слово умножувајќи го насекаде стократно.”

Преподобен Наум заедно со светите Климент и Ангелариј отпатувале во Бугарија. Светиот бугарски цар Михаил (Борис) со радост ги примил учениците на светите Кирил и Методиј.

Тој го испратил свети Климент како учител во Македонија, а св. Наум останал во престолнината Плиска. Наум организира словенски просветен и книжевен центар, но не во престолнината Плиска, каде што била резиденцијата на византискиот архиепископ на Бугарија, туку во блискиот словенски град Преслав. Преподобен Наум почнал да учителствува и проповеда во манастирот изграден во чест на свети Пантелеимон, близу Преслав (886-893).

Во 893 г. на црковно-народен собор св. Климент бил ракоположен за епископ Белицки/Велички. Тогаш на негово место за учител бил назначен св. Наум. Цар Симеон Велики го испраќа преподобниот Наум во Кутмичевица. „Наум и Климент дојдоа во пределите илирски и лихнидски.” Тука свети Наум го возглавил просветителското дело, кое седум години го извршувале заедно со свети Климент.

Додека свети Климент во Охрид ги вршел светителските/епископските трудови, преподобен Наум изградил манастир во чест на Светите Архангели, на јужниот брег на Охридското езеро, кој станал извор на благочестие и прибежиште за бедните. Околу него се собрале многу монаси, бидејќи тој бил мудар учител, строг подвижник, чудотворец и молитвеник. Тој неуморно се трудел над преводот на Светото Писмо на словенски јазик. Заедно со светителот Климент тие биле наречени „нови Мојсеј и Арон.” Таму тој е подвизувал десет години и го завршил својот земен пат во 910 г, примајќи пред смртта монашки постриг.

Светата Црква набргу го вброила преподобен Наум во соборот на светите, а манастирот што тој го оснавал станал познат меѓу народот како манастир на свети Наум. Таму и досега почиваат неговите свети мошти, лекувајќи – со силата на Христовата благодат – душевни слабости и болести.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)Најатрактивни дестинацииTue, 15 Apr 2008 10:03:01 +0200
Девствените Острови – мистерија и убавина на среде Пацификhttp://mxradio.com.mk/mx/nasha-preporaka/na-atraktivni-destinatcii/devstvenite-ostrovi-misteri-a-i-ubavina-na-srede-patcifik http://mxradio.com.mk/mx/nasha-preporaka/na-atraktivni-destinatcii/devstvenite-ostrovi-misteri-a-i-ubavina-na-srede-patcifik

devstveni_ostrovi_1Девствените Острови, најосамненото место на светот, на 3 700 километри од првото копно, среде Пацификот, енигматските Девствени Острови, повеќе полизнезиски отколку чилеански, со својата историја и необјаснети феномени со векови буди радозналост.

Rapa Nui, домородците го нарекуваат " te pito o te henua ", односно мистерија и убавина. Постојат неколку мистерии. Првата - како овој Остров насред ништо, воопшто е населен? Легендата вели дека првите доселеници дошле под водство на Кралот Hotu Matua на Северниот брег. Низ вековите бројот на населението се зголемувал, а луѓето биле поделени на земјоделци, борци и уметници кои создавале џиновски статуи - moai ( која е втората мистерија ).
Втората мистерија по која е светски познат Девствениот Остров се огромните камени статуи или moai. Чудесни човечки глави или тела со долгнавести глави,Devstveni_ostrovi_skulpturi со големи уши и овални очи, направени од морски седеф се ноѓаат на чело на Островот. Од 276 статуи, 53 на главата имаат и чудесни црвени шешири. Често се наоѓаат во групи, на брегот, свртени спрема копното. Направени се од вулкански камен и се претпоставува дека се стари од 400 до 1000 години. Некои се високи и до 20 метри, а тежат повеќе и од 100 тони.
Меѓутоа, никој до денес не знае зошто предците на денешните жители од Островот правеле „камени богови", ниту кого претставувале овие колоси. Според мислењето на повеќето научници, тие никако не ги претставувале островјаните, бидејќи типичниот облик на лицата од камените статуи не одговата со обликот на лицето на домородните жители.
Прочуениот Erih fon Deniken мислел дека moai се скаменети древни астронаути, портрети на суштества од далечните ѕвездени пространства. Според друга теорија, тоа се скаменети жители од легендарната земја Mu, пацифичка верзија на Atlantida.
Секој добива прилика на свој начин да разреши барем една од илјадниците тајни, колку ги има овој Остров, велат научниците. Совршено место за почеток на истражувањата. Девстениот Остров е археолошко наоѓалиште на Ahu Tahai. Тука се наоѓаат три национални платформи ( ahu ), неизбежните moai и секако претставува едно од најсликовитите места на Островот.
Ahu Tautir се наоѓа во близина на главниот град Hang Roa, има една платформа и две импозантни статуи.
vulkan_Rano_KauНајголемата атракција на вулканот Rano Kau е езерото кратер, кое помалку потсетува на бара и интересно е дека престојот може да биде целодневен.
Вториот вулкан е Rano Raraku, од чија лава се Vulkan_Rano_Rarakuправат moaiте. Тука се наоѓа најголемата статуа ( висока 21 метар ), а во околината се расфрлени уште 30. Во близина е церемонијалното село Orongo, познат по култот - човек птица.
Tangata manu ( човек птица ) е победник на традиционалното натпреварување на Островот. Станува збор за годишен ритуал кој за цел има да се донесе првото јајце од птицата sooty tern, која живее на Островот Motu Nui. Натпреварувачите пливаат до Островот и назад и, се качуваат до врвот на вулканот Ranu Kao.Трката е доста опасна, натпреварувачите се во опасност од ајкули или од одрон на карпите. Кога победникот сепак ќе се врати, се пали оган на вулканот, за цел Остров да дознае дека се појавил нов tangata manu. Со титулата, победникот стекнува и најголема моќ на Островот. После прогласувањето тој започнува да танцува низ падините на вулканот. Култот човек птица, христијаните го забраниле во 1860 година, а подоцна е обновен и денес се познати 86 имиња на tangata manu.
Festival_tapatiФестивалот Tapati со нов датум, за прв пат стартуваше во 1975 година. Игри, песни натпревар во трка со коњи , риболов, традиционално отсликување на телото, натпреварување за мис... сето тоа допринело за популарност на фештата која трае првите две недели од Февруари.
Најосамениот Остров на светот со бескрајното синило, неминовно ја буди фантазијата.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)Најатрактивни дестинацииTue, 07 Apr 2009 11:46:30 +0200