Девствените Острови – мистерија и убавина на среде Пацифик

Објавено во Најатрактивни дестинации Вторник, 07 Април 2009 11:46

Девствените Острови, најосамненото место на светот, на 3 700 километри од првото копно, среде Пацификот, енигматските Девствени Острови, повеќе полизнезиски отколку чилеански, со својата историја и необјаснети феномени со векови буди радозналост.

Rapa Nui, домородците го нарекуваат " te pito o te henua ", односно мистерија и убавина. Постојат неколку мистерии. Првата - како овој Остров насред ништо, воопшто е населен? Легендата вели дека првите доселеници дошле под водство на Кралот Hotu Matua на Северниот брег. Низ вековите бројот на населението се зголемувал, а луѓето биле поделени на земјоделци, борци и уметници кои создавале џиновски статуи - moai ( која е втората мистерија ).
Втората мистерија по која е светски познат Девствениот Остров се огромните камени статуи или moai. Чудесни човечки глави или тела со долгнавести глави,Devstveni_ostrovi_skulpturi со големи уши и овални очи, направени од морски седеф се ноѓаат на чело на Островот. Од 276 статуи, 53 на главата имаат и чудесни црвени шешири. Често се наоѓаат во групи, на брегот, свртени спрема копното. Направени се од вулкански камен и се претпоставува дека се стари од 400 до 1000 години. Некои се високи и до 20 метри, а тежат повеќе и од 100 тони.
Меѓутоа, никој до денес не знае зошто предците на денешните жители од Островот правеле „камени богови", ниту кого претставувале овие колоси. Според мислењето на повеќето научници, тие никако не ги претставувале островјаните, бидејќи типичниот облик на лицата од камените статуи не одговата со обликот на лицето на домородните жители.
Прочуениот Erih fon Deniken мислел дека moai се скаменети древни астронаути, портрети на суштества од далечните ѕвездени пространства. Според друга теорија, тоа се скаменети жители од легендарната земја Mu, пацифичка верзија на Atlantida.
Секој добива прилика на свој начин да разреши барем една од илјадниците тајни, колку ги има овој Остров, велат научниците. Совршено место за почеток на истражувањата. Девстениот Остров е археолошко наоѓалиште на Ahu Tahai. Тука се наоѓаат три национални платформи ( ahu ), неизбежните moai и секако претставува едно од најсликовитите места на Островот.
Ahu Tautir се наоѓа во близина на главниот град Hang Roa, има една платформа и две импозантни статуи.
vulkan_Rano_KauНајголемата атракција на вулканот Rano Kau е езерото кратер, кое помалку потсетува на бара и интересно е дека престојот може да биде целодневен.
Вториот вулкан е Rano Raraku, од чија лава се Vulkan_Rano_Rarakuправат moaiте. Тука се наоѓа најголемата статуа ( висока 21 метар ), а во околината се расфрлени уште 30. Во близина е церемонијалното село Orongo, познат по култот - човек птица.
Tangata manu ( човек птица ) е победник на традиционалното натпреварување на Островот. Станува збор за годишен ритуал кој за цел има да се донесе првото јајце од птицата sooty tern, која живее на Островот Motu Nui. Натпреварувачите пливаат до Островот и назад и, се качуваат до врвот на вулканот Ranu Kao.Трката е доста опасна, натпреварувачите се во опасност од ајкули или од одрон на карпите. Кога победникот сепак ќе се врати, се пали оган на вулканот, за цел Остров да дознае дека се појавил нов tangata manu. Со титулата, победникот стекнува и најголема моќ на Островот. После прогласувањето тој започнува да танцува низ падините на вулканот. Култот човек птица, христијаните го забраниле во 1860 година, а подоцна е обновен и денес се познати 86 имиња на tangata manu.
Festival_tapatiФестивалот Tapati со нов датум, за прв пат стартуваше во 1975 година. Игри, песни натпревар во трка со коњи , риболов, традиционално отсликување на телото, натпреварување за мис... сето тоа допринело за популарност на фештата која трае првите две недели од Февруари.
Најосамениот Остров на светот со бескрајното синило, неминовно ја буди фантазијата.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.