Каде во Охридhttp://mxradio.com.mk Thu, 14 Dec 2017 21:40:13 +0100Joomla! - Open Source Content Managementmk-mkГаличица - Рајот на земјата http://mxradio.com.mk/mx/nasha-preporaka/kade-vo-okhrid/galichitca-ra-ot-na-zem-ata http://mxradio.com.mk/mx/nasha-preporaka/kade-vo-okhrid/galichitca-ra-ot-na-zem-ata

galicica01Ако како и за многумина Охридската убавина ве понесе на патот кон овој  светски град на цивилизацијата завршете го вашето патување со Галичица убавата планина со тајни за барем уште милион години, рекле за неа некои истражувачи.

Галичица е јавето кое веројатно како убавина барем еднаш сте го виделе на сон. Галичица не може да се раскаже како и многу други места и објекти во Охрид но затоа чуството да се доживее нејзината убавина е неповторливо. Во Македонија библиската земја има неколку места кои ја објаснуваат нејзината единсвеност, едно од нив како природна убавина, или како што Охригани велат - божји дар е Галичица.

Во 1958 година поради својата исклучителна природна убавина и богата ендемична флора и фауна Галичица е прогласена за Национален парк.

image3Тој се простира на југозападниот дел на Република Македонија на тромегето на Македонија, Албанија и Грција. Во границите на националниот парк се вклучени и двете езeра Охридско и Преспанско како и островот Голем град во Преспанското езеро. Галичица изобилува со ретки видови на растителен и животински свет. Она што не смеете да го пропуштите се изворите на Црн Дрим во непосредна близина на комплексот Св. Наум, каде за цена од 50 до 100 денари можете да си дозволите возење со мало бродче до и покрај триесетте подводни и петнаесет крајбрежни извори во единствен амбиент и неповторливо доживување.

На 1735 м надморска височина на Галичник се наоѓа местото Видиковец - Гога од каде можат да се видат двете езера Охридското и Преспанското. На Галичица има и пешачка патека - Асан Џура како и велосипедска патека за љубителите на овој спорт. За љубителите на пештерската убавина на Галичица се наога 224м долга и 6 метри широка пештерата Саматска Дупка. За оние кои се љубители на селскиот туризам и еколошка храна на Галичица е лоцирано и Бачило - Планинска куќа .

 

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)Каде во ОхридMon, 01 Jun 2009 14:33:03 +0200