Музика

Во рамките на фестивалот "ОХРИД ТЕ САКАМ" денес во ОМУ„Методи Патче" во Охрид   со почеток во  19. часот ќе настапат  Емилија Потевска  и  Татјана Џорлева - клавирско дуо.

Радио станиците емитуваа нова песна на Мајкл Џексон - кралот на поп музиката кој почина пред повеке од 3 месеци.

Реномираниот белградски рокенрол бенд "ВАН ГОГ" синоќа одржа незаборавен концерт на плажата Парк во Охрид.

Најпознатиот бренд на Охрид во светот на музиката гитаристот Владимир Василевски Четкар по многуте настапи низ светот ова лето е во својот роден град Охрид.

Охриѓани а и сите гости во нашиот град ќе имаат прилика да го видат овој значаен Охридски уметник на свој самостоен концерт на 15 Август 2009 година на сцената на Античкиот театар во придружба на интернационалниот бенд составен од врвни мизичари и што е најважно негови големи пријатели и колеги меѓу кои: Хју Вајт - клавјатури Владимир Самарџиќ - бас гитара Бенон Салтер - тапани.

„ Џорџ Бенсон во Охрид доаѓа по белградскиот концерт, кој е на 23 јули, а посебно интересно е што слободниот ден сака да го помине во Охрид, а не во Белград " - велат од Авалон продукција . Џорџ Бенсон, легендарниот џез гитарист и пејач, на 25 јули доаѓа во Охрид. Музичката легенда ќе има концерт во Античкиот театар. Неговото доаѓање е во рамките на проектот на Авалон продукција - „ Културен шок ". Во Охрид ќе остане два дена и слободниот ден меѓу настапите ќе го мине на брегот на езерото. Според организаторите, се е подготвено за ВИП-третманот на Бенсон во Охрид, во кој е предвидено и посета на сите знаменитости и прошетка по Охридското Езеро.

Мајкл Џозеф Џексон роден на 29.август 1958- 25.јуни 2009 беше амерички музичар, забавувач и бизнисмен. Седмо дете во семејството Џексон. Стапна на професионалната музичка сцена од 11 години како член на групата Џekson 5. Неговата соло кариера ја започнал во 1971,а истовремено бил сеуште член и во групата.

Кралот на поп музиката Мајкл Џексон, почина вчера попладне во 15:15 часот, по локално време, потврдија лекарите од болницата каде беше примен во длабока кома. Џексон (50) вчера попладне итно е хоспитализиран во „UCLA Medical Center" од страна на пожарникарскиот болничарски одсек на Лос Анџелес.

На 16-от Интернационален музички фестивал Песна на Медитеранот, кој заврши синоќа во Будва, со едногласна одлука на стручното жири, Калиопи ја доби наградата Даворин Поповиќ, за најдобра интерпретација на фестивалот.

Во сабота на 06 јуни, со почеток во 18 часот, на Школка во Градскиот Парк во Скопје ќе се одржи концерт под мотото „ Креирај ја својата иднина"  на кој ќе настапат: Врчак, ДНК, Бојана Атанасовска, Адриан Гаџа и Фани.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.