Зоран Џорлев директор на Танец

Објавено во Музика Вторник, 04 Јануари 2011 20:39

На конкурсот за директор на НУ Ансамбл за народни игри и песни „Танец" од Скопје е избран дипломираниот виолинист Зоран Џорлев, соопшти Министерството за култура.
„Програмата што беше доставена до Министерството за култура содржи долгорочна развојна стратегија која ќе придонесе за поголем развој и професионално издигнување на ансамблот и квалитативен растеж на установата која е носител на фундаментот на македонската традиција", информира Министерството за култура.

Во програмата е предвидена соработка со другите национални установи од областа на музичката уметност, но и создавање нови состави во рамки на установата - помали, помобилни и наменски кои ќе придонесат за поуспешно презентирање на различни сегменти од традицијата.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.