Виена, Париз, Милано и Венеција дел од спотот на Дон и Андреј (ДНК)

Објавено во Музика Четврток, 12 Декември 2013 11:15

Европските метрополи Виена, Париз, Милано, Венеција и нивните најзначајни знаменитости - Виенската Опера, Ајфеловата кула, Миланското Дуомо и плоштадот Св.Марко, се само дел од локациите на кои бизнисменот и рапер Дон и Андреј од ДНК го снимаа видео записот за нивната заедничка песна насловена "Животот е круг".


Моќна порака е содржана во текстот на нумерата кој го напиша самиот Дон, а музиката и аранжманот како и комплетната продукција се на еден од нашите најдобри композитори Лазар Цветкоски.
-       Среќен сум што конечно имам заедничка песна со еден од моите најдобри другари од естрадата, Андреј од ДНК. Успеавме во неколку дена да ги посетиме европските метрополи и од таму со  снимки кои ќе ги спакуваме во несекојдневно видео да ја доловиме приказната на песната. Со нетрпение очекувам финалниот производ да и го презентираме на јавноста - изјавува Дон.
-       Верувам во енергијата и пораката што ја носи рефренот на „Животот е круг“. Искрено се надевам дека ќе допреме до публиката и ќе ја поттикнеме да се бори за она што го сака во животот– изјавува Андреј.

Видеото го работи 2С продукција, а песната заедно со спотот ќе биде промовирана за десетина дена.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.