Конкурс за Канео Фест 2011

Објавено во Музика Четврток, 18 Ноември 2010 19:52

Интернационалниот фестивал на забавна, поп, хип - хоп, рап - музика КАНЕОФЕСТ за својот јубилеј 10 годишнина од постоењето објавува:

КОНКУРС

За прием на нови композиции за тековната 2011 година. Композициите кои се испраќаат на истиот мора да се во современ тренд со распеани хит рефрени (се мисли на композициите од забавна и поп музика)

додека оние кои конкурираат со хип хоп или рап композиции мора да внимаваат на текстуалните пораки кои не смеат да содржат непристојни или омаловажувачки изрази. Строго мора да се внимава на богатството на Македонскиот јазик, што значи комлетно за сите жанрови важно е да се запази во текстовите чистиот Македонски јазик.
Кон приложениот текст мора да се достави и Дeмо снимка на композицијата:

Аудио CD и текст на адреса - КАНЕОФЕСТ 2011 улица Бекир Алириза бр.96 Охрид
или по електронска пошта(mp3 или wave формат и текст) на - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

најкасно до 1 март 2011 година.

Фестивалот го задржува правото да направи аудио запис од примените композиции, истите јавно да ги изведува преку
директен пренос да го има изведувачкото и авторското право над истите , а во согласност со авторите.

КАНЕОФЕСТ контакт:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Котовски Вили - Генрален Директор 075 216 709
Долоски Наум - Уметнички Директор 075 672 919
Трпески Марјан - Продуцент 071 389 599

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.