Калиопи со нов сингл „Пожели“

Објавено во Музика Четврток, 11 Јуни 2015 22:56

Докажано реализираниот музички тандем Калиопи - Ромео Грил ни представува уште еден исклучителен хит-сингл насловен Пожели!

После одличниот прием на песната Мојот дом, која на големо го освои балканскиот етер, бројните обожаватели на Калиопи можат да уживаат во уште еден потенцијален поп-рок хит, креиран во стилот на општо саканиот евровизиски сингл Црно и бело.

Оваа врвно продуцирана нумера, својата премиера стандардно ја имаше на социјаните мрежи и официјални канали на Калиопи - Youtube, Facebook i Tweeter.

Песната Пожели е снимана и миксана во ГМП студио во Базел и М1 студио при МРТ во Скопје, а мастерингот е правен во МСМ студио во Минхен.

Синглот го прати и интересен видео спот снимен во Скопје, за чија реализација беше задолжена повторно екипата на Томато продукција.

Линк до спотот на Kaliopi Official You Tube Chanel:
https://www.youtube.com/watch?v=83DMDrLhY64

 

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.