Филм што не се пропушта!

Објавено во Музика Вторник, 24 Февруари 2009 23:31
Хрватските рок-музичари Јура Стублиќ & Филм по повеќе од 10 години вечерва повторно се во Македонија. Нивниот вечерашен концерт започнува во 22 часот, во клубот Хавана во Скопје, а ќе настапат со материјали од сите периоди од своето постоење.


Билетите на денот на концертот се 250 денари и се во строго ограничен број. Влезниците може да се купат во Кастм Паб, Ливинг Рум, Круг и влезот на клубот Хавана.

Групата Филм е основана во 1978 годна во Загреб. Во 1981 година групата станува многу популарна со првиот албум Неприлагоѓен. По пет години првата постава од бендот се распаѓа, а Јура Стублиќ започнува соло-кариера формирајки го новиот комерцијален поп-рок бенд Јура Стублиќ & Филм. Во 1993 година се повлекува од хрватската музичка сцена за во 2000 година повторно да се врати и да ја поврати музичката слава.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.