Музикаhttp://mxradio.com.mk Thu, 14 Dec 2017 21:43:54 +0100Joomla! - Open Source Content Managementmk-mkТајфата продолжува без Коки (видео)http://mxradio.com.mk/mx/kultura/muzika/ta-fata-prodolzhuva-bez-koki-video http://mxradio.com.mk/mx/kultura/muzika/ta-fata-prodolzhuva-bez-koki-videoТајфата продолжува без Коки (видео)

Популарната музичка група “Тајфата“ продолжува без Коки. Момците од Тајфата на својата официјална фан страна објавија статус во кој му посакуваат на својот довчерашен член успешна кариера,

а објавија и порака испратена од Коки до останатите членови во бендот.
Новите проекти веќе се започнати а денес и официјално го пуштија и нивниот видео спот кој под диригенската палка на Дарио Јанковиќ беше изработен летово во комплетен состав. Видеото може да го погледнете ОВДЕ:

{youtube}UMwm0d6EpNc{/youtube}

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)МузикаTue, 08 Nov 2016 15:48:27 +0100
Калиопи со нов сингл „Пожели“http://mxradio.com.mk/mx/kultura/muzika/kaliopi-so-nov-singl-pozheli http://mxradio.com.mk/mx/kultura/muzika/kaliopi-so-nov-singl-pozheliКалиопи со нов сингл „Пожели“

Докажано реализираниот музички тандем Калиопи - Ромео Грил ни представува уште еден исклучителен хит-сингл насловен Пожели!

После одличниот прием на песната Мојот дом, која на големо го освои балканскиот етер, бројните обожаватели на Калиопи можат да уживаат во уште еден потенцијален поп-рок хит, креиран во стилот на општо саканиот евровизиски сингл Црно и бело.

Оваа врвно продуцирана нумера, својата премиера стандардно ја имаше на социјаните мрежи и официјални канали на Калиопи - Youtube, Facebook i Tweeter.

Песната Пожели е снимана и миксана во ГМП студио во Базел и М1 студио при МРТ во Скопје, а мастерингот е правен во МСМ студио во Минхен.

Синглот го прати и интересен видео спот снимен во Скопје, за чија реализација беше задолжена повторно екипата на Томато продукција.

Линк до спотот на Kaliopi Official You Tube Chanel:
https://www.youtube.com/watch?v=83DMDrLhY64

 

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)МузикаThu, 11 Jun 2015 22:56:09 +0200
По седми пат Охридски хорски фестивалhttp://mxradio.com.mk/mx/kultura/muzika/po-sedmi-pat-okhridski-khorski-festival http://mxradio.com.mk/mx/kultura/muzika/po-sedmi-pat-okhridski-khorski-festivalПо седми пат Охридски хорски фестивал

Охридскиот хорски фестивал е манифестација која оваа година, традиционално, ќе се оддржи во Охрид по седми пат во организација на Охридскиот хор. Почетокот на фестивалот е закажан на 21.08.2013 (четврток), а ќе трае до 25.08.2013 (понеделник).

На фестивалот се пријавени да учествуваат 34 хорови од 13 европски земји.
Фестивалот има ревијален дел и натпреварувачки дел кој опфаќа неколку категории. Пријавените хорови ќе се претстават на натпреварувачките концерти, концертите на духовна музика, поп и фолк концертите.
Жири комисијата ќе ја сочинуваат реномирани лица од музичкиот свет и тоа: Марчин Томчак (Полска), Јасенка Остојиќ (Хрватска), Запро Запров (Македонија), Себастјан Врховник (Словенија) и Дарина Чакарова (Бугарија).
Концертите од фестивалот ќе се одржуваат во Дијамантската сала на хотел Инекс Горица и црквата Св. Софија, а во состав на отворањето хоровите ќе изведат кратка програма на отворено.

Влезот е слободен.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)МузикаThu, 21 Aug 2014 09:55:46 +0200
Виена, Париз, Милано и Венеција дел од спотот на Дон и Андреј (ДНК)http://mxradio.com.mk/mx/kultura/muzika/viena-pariz-milano-i-venetci-a-del-od-spotot-na-don-i-andre-dnk http://mxradio.com.mk/mx/kultura/muzika/viena-pariz-milano-i-venetci-a-del-od-spotot-na-don-i-andre-dnkВиена, Париз, Милано и Венеција дел од  спотот на Дон и Андреј (ДНК)

Европските метрополи Виена, Париз, Милано, Венеција и нивните најзначајни знаменитости - Виенската Опера, Ајфеловата кула, Миланското Дуомо и плоштадот Св.Марко, се само дел од локациите на кои бизнисменот и рапер Дон и Андреј од ДНК го снимаа видео записот за нивната заедничка песна насловена "Животот е круг".


Моќна порака е содржана во текстот на нумерата кој го напиша самиот Дон, а музиката и аранжманот како и комплетната продукција се на еден од нашите најдобри композитори Лазар Цветкоски.
-       Среќен сум што конечно имам заедничка песна со еден од моите најдобри другари од естрадата, Андреј од ДНК. Успеавме во неколку дена да ги посетиме европските метрополи и од таму со  снимки кои ќе ги спакуваме во несекојдневно видео да ја доловиме приказната на песната. Со нетрпение очекувам финалниот производ да и го презентираме на јавноста - изјавува Дон.
-       Верувам во енергијата и пораката што ја носи рефренот на „Животот е круг“. Искрено се надевам дека ќе допреме до публиката и ќе ја поттикнеме да се бори за она што го сака во животот– изјавува Андреј.

Видеото го работи 2С продукција, а песната заедно со спотот ќе биде промовирана за десетина дена.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)МузикаThu, 12 Dec 2013 11:15:18 +0100
Ми се удвараат повеќе женски отколку машкиhttp://mxradio.com.mk/mx/kultura/muzika/mi-se-udvaraat-pove-e-zhenski-otkolku-mashki http://mxradio.com.mk/mx/kultura/muzika/mi-se-udvaraat-pove-e-zhenski-otkolku-mashkiМи се удвараат повеќе женски отколку машки

Фолк пејачката Сања Петкоска која во последно жари и пали низ Македонските клубови, има еден проблем! Се жали дека има повеке удварачи од понежниот пол и дека неколку пати и се случило девојка да ја пипне за задникот.


Како што изјави за Естрада плус никогаш не сум дала повод дека сум лезбејка за да го има овај проблем, јас само сакам да се дружам со луѓето .Сани наскоро подготвува и албум кој наскоро треба да излезе. Веќе се снимени неколку песни, а новиот хит што треба да излезе пред нова година е насловен како "Секси мама".

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)МузикаTue, 01 Oct 2013 21:58:37 +0200
Златно славејче на базенот Атина Бојаџи, влез симболичен 60денари (за целото семејство)http://mxradio.com.mk/mx/kultura/muzika/zlatno-slave-che-na-bazenot-atina-bo-a-i-vlez-simbolichen-60denari-za-tceloto-seme-stvo http://mxradio.com.mk/mx/kultura/muzika/zlatno-slave-che-na-bazenot-atina-bo-a-i-vlez-simbolichen-60denari-za-tceloto-seme-stvoЗлатно славејче на базенот Атина Бојаџи, влез симболичен 60денари (за целото семејство)

Ј.П. „Билјанини Извори„ ја известува јавноста дека на ден 16.08.2013 година (петок) со почеток во 19,30 часот на Градски базен „Атина Бојаџи„ гостува детскиот фестивал „Златно славејче„


Влез: 60 денари за цело семејство.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)МузикаWed, 14 Aug 2013 11:43:04 +0200
По втор пат „Фолк хит - песна на летото“ Охрид 2013 +ВИДЕОhttp://mxradio.com.mk/mx/kultura/muzika/po-vtor-pat-folk-khit-pesna-na-letoto-okhrid-2013 http://mxradio.com.mk/mx/kultura/muzika/po-vtor-pat-folk-khit-pesna-na-letoto-okhrid-2013По втор пат „Фолк хит - песна на летото“ Охрид 2013 +ВИДЕО

Денеска на пресконференција беа презентирани активностите на „Фолк хит - песна на летото“ Охрид 2013 која се одржува по втор пат во Античкиот театар во Охрид.

Лав Радио од Охрид како организатор напомена дека љубителите во народната Македонска музика можат овие три дена да уживаат во преку 50 интерпретатори. Третата вечер е со повод и во соработка со Гоце Фест. Повеќе ВИДЕО

{youtube}FO7VkHXerBg{/youtube}

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)МузикаTue, 23 Jul 2013 18:02:11 +0200
Поради невреме се откажува второто издание на StarFire Festival Kuratica, новиот термин наскоро познатhttp://mxradio.com.mk/mx/kultura/muzika/poradi-nevreme-se-otkazhuva-vtoroto-izdanie-na-starfire-festival-kuratitca-noviot-termin-naskoro-poznat http://mxradio.com.mk/mx/kultura/muzika/poradi-nevreme-se-otkazhuva-vtoroto-izdanie-na-starfire-festival-kuratitca-noviot-termin-naskoro-poznatПоради невреме се откажува второто издание на StarFire Festival Kuratica, новиот термин наскоро познат

Почитувани !,Ве информираме дека поради невремето кое е во моментов во Куратица , СЕ ОДЛОЖУВА  одржувањето на СТАРФИРЕ фестивалот.


Следниот термин за одржување дополнително ќе биде објавен. ИМ СЕ ИЗВИНУВАМЕ НА СИТЕ ШТО ИМАА НАМЕРА ВЕЧЕРВА ДА ПРИСУСТВУВААТ НА ЕДНА НЕСЕКОЈДНЕВНА ЗАБАВАТА ПОД ОТВОРЕНО НЕБО НА 1400 мнв , И ВЕ ОЧЕКУВАМЕ ВО СЛЕДНИОТ ТЕРМИН, КОЈ ДОПОЛНИТЕЛНО ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕН  !.

  Претседател на Совет на месна заедница  Куратица,  Горан Ангелоски  .

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)МузикаSat, 20 Jul 2013 16:18:00 +0200
Денеска ќе бидат погребани останките на Секула Пупиновскиhttp://mxradio.com.mk/mx/kultura/muzika/deneska-e-bidat-pogrebani-ostankite-na-sekula-pupinovski http://mxradio.com.mk/mx/kultura/muzika/deneska-e-bidat-pogrebani-ostankite-na-sekula-pupinovski

sekula_pupinovkiНа 56 годишна возраст, ненадејно почина познатиот македонски естраден уметник Секула Пупиновски. Повеќе негови песни станаа хитови во фолк музиката меѓу кои „Врати се бела Марија„, „Наде„ и многу други. Секула Пупиновски е роден во 1955 година и важеше за еден од најпознатите исполнители на македонската музика.

Последниот негов ...телевизиски настап беше емитуван во рамките на емисијата „Здравоживо домаќини„ на музичката породукција С Национале.

Продукцијата С Национале изразува искрено сочувство до семејството на Секула Пупиновски. Неговите песни засекогаш ќе останат во сеќавање на македонскиот народ и за идните генерации.
Посмртните останки на Пупиновски ќе бидат погребани на градските гробишта во Охрид, денес во 14.00 часот.

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)МузикаSun, 20 Mar 2011 10:04:12 +0100
Боби Мојсовски на Скопје фест 2011http://mxradio.com.mk/mx/kultura/muzika/bobi-mo-sovski-na-skop-e-fest-2011 http://mxradio.com.mk/mx/kultura/muzika/bobi-mo-sovski-na-skop-e-fest-2011

bobi_mojsoskiНашиот сограѓанин Боби Мојсовски со песната „Те краде тој"ќе настапи на овогодинешниот фестивал Скопје фест 2011, односно македонскиот избор за песна на Евровизија.

Текстот за песната на Боби го напиша Огнен Неделковски, а музиката и аранжманот се на Лазар Цветковски.

Пошироката јавност го знае Боби преку шоуто МК Талент но и по неговите настапи на фестивалите Канеофест 2010 и Охридфест

]]>
contact@mxradio.com.mk (MX Радио)МузикаThu, 27 Jan 2011 16:16:05 +0100