Домашната естрада во нова политичка мисија

Објавено во Музика Вторник, 24 Февруари 2009 23:14

 Хонорарот што ќе го добијат домашните поп-имиња за еден настап на митинзите за претседателските избори се движи од 300 до 550 евра – дознава Дневник.

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, на митинзите ќе биде придружуван од Јован Јованов, Елвир Мекиќ, Елена Ристеска, Ламбе Алабаковски, Ребека и Гоце Арнаудов. Химната на кампањата ја напиша Јован Јованов.

На митинзите за кандидатот на СДСМ, Љубомир Фрчкоски ќе пеат Кристина Арнаудова, Дани, Верче Пандиловска, Александра Пилева, Бени Шаќири, Бојана и Александар Митевски, кој ќе биде и автор на изборната химна. За Љубе Бошковски можно е да пее Влатко Илевски – стои меѓу другото во текстот објавен во денешниот број на Дневник.

 

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.