Денеска ќе бидат погребани останките на Секула Пупиновски

Објавено во Музика Недела, 20 Март 2011 10:04

На 56 годишна возраст, ненадејно почина познатиот македонски естраден уметник Секула Пупиновски. Повеќе негови песни станаа хитови во фолк музиката меѓу кои „Врати се бела Марија„, „Наде„ и многу други. Секула Пупиновски е роден во 1955 година и важеше за еден од најпознатите исполнители на македонската музика.

Последниот негов ...телевизиски настап беше емитуван во рамките на емисијата „Здравоживо домаќини„ на музичката породукција С Национале.

Продукцијата С Национале изразува искрено сочувство до семејството на Секула Пупиновски. Неговите песни засекогаш ќе останат во сеќавање на македонскиот народ и за идните генерации.
Посмртните останки на Пупиновски ќе бидат погребани на градските гробишта во Охрид, денес во 14.00 часот.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.