Даниел Стојмановски дел од Massive Sky Music

Објавено во Музика Вторник, 24 Февруари 2009 23:35
Младиот пејач Даниел Стојмановски, според многумина, на националниот Евросонг беше единствениот кој имаше и песна и настап и продукција со кои веднаш можеше да се претстави на големата евровизиска сцена. Со пет освоени поени, сите од стручното жири, Даниел го освои деветто место, но, најважно од се, отвори нови поглавја во својата кариера.

Лично сум презадоволен од тоа како беше прифатена песната Сила на љубовта на Евросонг 2009, а уште повеќе од коментарите кои следеа потоа на најреномираните домашни радио-станици – вели Александар Масевски, и ни открива уште неколку нови моменти од соработката со Даниел.

Стојмановски наскоро ќе потпише договор со Massive Sky Music, со што станува ексклузивец на оваа продукција. Тоа значи дека продуцентската куќа на Александар Масевски во иднина ќе биде ангажирана на понатамошното промовирање на Сила на љубовта, крајно ефектна композиција, за која најверојатно ќе се снима и видео-спот.

Секако, Масевски и Стојмановски наскоро ќе започнат да работат на нов сингл, за кој Масе тврди дека ќе биде уште еден чекор подалеку од она што го знаеме како Сила на љубовта.

Како и да е, не се сомневаме дека тоа ќе биде уште една бомбастично спакувата и светски испродуцирана тема.

Доколку се уште не сте ја симнале Сила на љубовта, можете да ја симнете тука.
Уживајте!!!

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.