15 минути бев секретарка на Обама!

Објавено во Музика Петок, 04 Февруари 2011 15:23

Фолк-пејачката Елена Велевска петнаесетина минути беше лична секретарка на американскиот претседател Барак Обама во неговиот кабинет во Белата куќа!

Не во Вашингтон, туку во Њујорк, во светски познатиот музеј на восочни фигури "Мадам Тисо! Велевска имаше турнеја во поголемите градови во САД и не пропуштила да ги посети знаменитостите во градовите.
" За 35 долари уживав во секој миг поминат покрај восочните фигури на најславните личности во светот. Ги имаше околу двесте, но сепак, најмногу ме импресионираше американскиот претседател Обама. Во просторијата која што беше уредена како негов кабинет, додека седев на бирото, ја зедов слушалката на неговиот телефон во рака и се почувствував како да сум негова лична секретарка. Чувството беше навистина добро!

До толку ми се допадна, што посакав да снимам спот за некоја од моите песни баш таму, во неговиот кабинет. Имам годишна виза за Америка, па на пролет во план ми е повторна посета на Њујорк, и веќе разговарав со одговорните во музејот за тоа дали би можело да добијам дозвола за да снимам неколку спотови во кабинетот на Обама. Ми кажаа дека накнадно по пат на електронска пошта ќе ме известат, ни изјави Елена.
Во рамките на "Мадам Тисо" имало специјализирани сали во кои што можеле да се организираат приватни забави на кои што може да присуствуваат илјада е двеста гости, но и дека холивудски фаци си организирале и гала забави во музејот за само десет посебни гости. За нив специјално бил постилан црвен тепих, а потоа со стаклени лифтови биле носени до салата за приватни забави, каде што врвни готвачи ги приготвувале специјалитети.
" Сето тоа нормално, изнесува многу, но имам голема желба да вметнам дел од една таква забава во спот и да станам првата во регионот која што снимала таму. Друга атракција која што од неодамна ја има во музејот во Њујорк е 4Д киното, па буквално изгледа како да ги гледаш како околу тебе танцуваат актерите од филмските класици, вели фолк пејачката.
Елена моментно е актуелна со спотот за песната "Мајка има едно чедо", снимен во дворот на манастирот Беловодица во Прилеп.
В. Клинчарова

 

извор вест

 

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.