Книга

Во организација на НУ Библиотека "Григор Прличев", утре напладне, во 12 часот, во новоотвореното културно катче "Култура 365" во срцето на старото градско јадро на Охрид, на улицата Самулова, веднаш после влезот на Долна Порта, ќе се одржи "Охридска промоција" на книгата „Рани спомени" од Веле Митаноски, новинар, политички аналитичар и публицист. Промотори на книгата ќе бидат писателот Милован Стефановски и новинарот и публицист Зоран Иванов.

Како осумнаесетти наслов во едицијата с.р. (современ роман / своерачно), Блесок ќе го објави романот на Јуриј Худолин „Разузданост“, во превод од словенечки на Игор Исаковски.

Во издание на книгоиздателството Макавеј, излезе од печат книгата „Рани спомени" на Веле Митаноски, новинар, публицист и политички аналитичар.

Сведок и хроничар на случувањата во Вевчани и македонската демократска пролет, на случајот - Студенчица, на падот на комунистичката диктатура во Албанија, на 2001-та и подготвувањето на Охридскиот рамковен договор.

Книгата „Хари Потер и Полукрвниот Принц“ од 2 април конечно ќе биде достапна и во Македонија!По повод објавувањето на книгата „Хари Потер и Полукрвниот Принц“ од Џоан Роулинг на македонски јазик е закажана нејзина промоција на први април во 19 часот пред платото на книжарницата „Матица“, на булеварот „Климент Охридски“ во Скопје.

Веќе од 2. 4. 2009 година оваа книга ќе може да се купи во сите поголеми книжарници во Македонија.

Томаж Шаламун, словенечки поет, е годинашен лауреат на Струшките вечери на поезијата. За најдобар млад поет и добитник на наградата на УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата „Мостови на Струга“ е прогласен 28-годишниот сенегалски поет кој пишува на француски јазик, Усман Сар - Сарус.

Неодамна, во едицијата Бореа, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, Блесок ја објави стихозбирката на Александра Димитрова, „Во аквариумот на Барби".  

„Димитрова си дава слобода која ù прилега: експериментира, додава значења на означеното, ги нарекува нештата со имиња кои се - според неа, секако! - вистински, се иронизира не само себеси и не само својот главен лик туку и своите партнери и партнерки (во разговорите, интимностите, разделбите...).

07.04.2009 - до 14 април ЕРА Групацијата - Скопски саем ќе биде дом на книгата и на убавиот збор, промотор на образовните институции и организатор на два концерта - на принцот на романтиката, пијанистот Ричард Клајдерман и на балканската легенда Кемал Монтено.

На 26 мај 2009 (вторник), со почеток во 20 часот, во Арт кафе во Мала станица беше промовирана поетската книга на Јовица Ивановски, „Ветер и магла", нов (дваесетти по ред) наслов во едицијата Бореа на „Блесок".

Книгата „Ветер и магла" е осма книга на Јовица Ивановски (1961 г.), кој, во бурното раздобје на транзицијата, внесе свеж, неконформистички дух на книжевната сцена во Македонија и неодминлив, урбан егзистенцијализам.

На денешен ден во 1879 година во Охрид е роден Коста Абрашевиќ, пролетерски поет. Се школуваше во Охрид. По преселувањето на неговото семејство во Шабац го продолжи образованието и мошне млад почна да пишува песни. Во 1894 година се запознава со сооцијалистичките идеи на кои им останува приврзан до крајот на животот.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.