Заврши конкурсот за најдобар расказ

Објавено во Книга Понеделник, 30 Јули 2012 14:31

На 25 јули истече рокот на конкурсот за пријавување на најдобар расказ по повод културната манифестација “Вечер на Чинго”. Жири комисијата во состав на Венко Андоновски, Иван Џепароски и Славе Ѓорѓо – Димоски денес ги разгледа пристигнатите раскази.

Пријавени се вкупно 55 раскази од кои 5 се неважечки. Во наредниот период комисијата ќе ги разгледа пристигнатите раскази, а на 8 август ќе биде објавен победникот. Наградата ќе му биде врачена на 13 август на културната манифестација “Вечер на Чинго”.

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.