Самостојна изложба на Стевчо Наумоски во Охрид

Објавено во Книга Вторник, 05 Август 2014 09:56

 

Овој петок, 8ми август, со почеток во 20:00 часот, во Н.У. Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид ќе се одржи самостојна изложба на фотографии на младиот фотограф од Охрид, Стевчо Наумоски.

 

 

Насловена „Пулс на животот“, изложбата се состои од серија од диптих фотографии кои претставуваат човечко пулсирање низ своите животни циклуси (Младост, Зрелост и Старост) на една страна, наспроти четирите елементи (Земја, Вода, Оган Воздух) кои се во сржта на сепостоењето, од друга страна.

 

Инспириран од жената/човекот, нејзините животни зими и циклуси кои не само го менуваат нејзиното животно пулсирање, туку и наборите на младото тело кое старее; таа/жената/човекот станува немирна, се бранува како езерото, тлее како жарчиња што чекаат да станат оган, ветрот ги гаси или засилува, слично како животните бури на човекот. Целата идеја за едно вака споредено пулсирање влече корени од повеќе филозофии кои зборуваат за класичните елементи, меѓу кои особено Јапонската.

 

Стевчо е графички дизајнер по професија (https://www.behance.net/snaumoski), кој негува огромна љубов за уметноста и фотографијата во комбинација со различни уметнички медиуми. Зад себе има повеќе фотографски изложби во Македонија и надвор, како и објавувања во магазини и портали.

 

Како убав спој на визуелното со пишаниот збор како медиум, оваа изложба ќе биде проследена со прозна интерпретација на делови од првата издадена зборка раскази „Нова приказна“ на Мерсиха Исмајлоска, Докторант на катедрата за општа и компаративна книжевност. Расказите на Мерсиха и фотографиите на Стевчо концептуално и тематски третираат ист пристап кон размислувањето за пулсот на животните циклуси и класичните елементи.

 

За повеќе информации посетете: https://www.facebook.com/events/340850662738176/. Во петок очекуваме необично интересен настан, и истовремено ве покануваме да го проследите!

 

Фото Галерија

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.