Промовиран Последната пролет во Париз во Охрид

Објавено во Книга Петок, 06 Јуни 2014 09:09

Најновиот роман „Последната пролет во Париз“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ, промовиран во Охрид.
Авторката денеска имаше средба со охридските новинари во култниот Аквариус.


Авторката објасна дека во книгата се зборува за една сосема обична старост и рутинска новинарска задача, која ќе ги спои судбините на две непознати жени. Марија Колчак, штитеничка на санаториумот во Тулон која ќе и ја раскаже својата трагичната приказна за својот живот на Олга Лашез, новинарка во угледен париски весник.
„Емигранската судбина од царска Русија, мрачниот свет на шпионажата, верноста и идеологијата, лагите, демоните од минатото - ја откриваат вистината за животот на една старица чија верба во љубовта била голема колку и нејзината болка. Каде е границата на вистината и како да се пронајде храброста да ја прифатиме и вистински да се  запознаеме самите себеси? Дали лагата е доволно лековита ако вистината е сурова? Во играта на судбината единствениот влог е љубовта“, вели Алимпиќ.
Романот „Последната пролет во Париз“ е трета книга на Алимпиќ. Оваа како и претходните две книги се преведени на македонски јазик. Таа е единствен Српски автор најчитан во последните 15 години.
„Огромна чест ми е што читателите ми ја доделија таа награда“, открива Алимпиќ.
Книгата „Последната пролет во Париз“ во Србија е објавена на 3 април, а во Македонија пред шест дена.
Првата пресс конференција во Македонија во организација на Матица - огромна заинтересираност од македонската читателска публика. За две вечери авторката на романот потпишала, преку 400 книги, поточно толку читатели дошле да се запознаат со Алимпиќ.
„Тоа ќе го паметам до крајот на мојот живот. Немам зборови со кои би ја искажала благодарноста на македонската публика. Огромна благодарност до македонците кои ја препознаа мојата емоција и што толку убаво ги прифатија моите книги“, вели авторката на романот „Последната пролет во Париз“.
Јелена Бачиќ Алимпиќ откри дека е воодушевена од Охрид и дека често го посетува. Истакна дека ја обожува македонската храна, но и дека нема да пропушти да си купи бисер или некој друг специфичен накит за ова поднебје.
Јелена Бачиќ Алимпиќ е авторка и на романите „Рингишпил“ и “Писмото на госпоѓа Вилма“, со кои привлече огромна читателска публика не само од женска туку и од машка популација. Таа вели дека е пресреќна затоа што нејзините книги ги читаат од 7 до 77 години.

Поврзете се со нас

За нас

МX - Радио е радио станица која емитува сигнал на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Кичево.